Мираковска од Гевгелија: Направивме многу повеќе од другите политичари за два живота

Вечерва Соња Мираковска се обрати од Гевгелија, градот кој како што напомена најдобро знае што значи да се биде во единаесетгодишна изолација, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Навистина ми претставува огромна чест вечерва да бидам овде го Гевгелија, градот на слободоумни луѓе, градот на слободни луѓе кои точно знаат што значи ако една земја како нашата 11 години затворена, и што значи сега после две и пол години владеење на оваа коалиција на чело со социјалдемократскиот Сојуз.

Еден евро пратеник вели, „дали знаете што направивте за овие две и пол години? Вие направивте повеќе од многу други политичари за два живота".

Тоа за мене беше големо признание. Влеговме во НАТО. На пат сме да влеземе и во Европската Унија.

Осврнувајќи се на пандемијата, Мираковска истакна дека дури и во криза многу често луѓето знаат да најдат нешто добро.

„Во оваа криза ние се сплотивме заедно почнавме да размислуваме каква ќе биде нашата иднина. Оваа влада донесе огромен сет на мерки со што околу 12о илјади граѓани останаа на своите работни места.

Минималната плата која беше поделена на над 30.000 фирми, 11.000 стопанственици е голема помош. Научивме многу како да го одржиме функционален здравствениот систем, и тоа го направивме. Многу други земји признаа дека ние добро се справуваме со пандемијата од КОВИД-19", порача Мираковска.

Во однос на правдата, Мираковска рече дека ќе се испита потеклото на имотот и ќе се направи ветинг на судиите, и потенцираше дека оние судии кои ги застареа предметите, по автоматизам мора да заминат.

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

ЈСП Скопје: Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен

 Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“.

ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“.

ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected].

Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис

Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение.

Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.

- Доаѓањето на пролетта ги враќа и напорите на криминалните групи за одгледување наркотични растенија. Државната полиција мора да ги интензивира превентивните акции уште од првите моменти на обиди за одгледување наркотични растенија. Им честитам на полициските службеници од регионалниот комесаријат - Скадар за заплената на 37.336 садници канабис сатива и за последователните активности за спречување обиди за одгледување наркотични растенија, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи и видео запис од акцијата.

Порача дека ги охрабрува сите структури на државната полиција да ги засилат контролите со цел да се спречи оваа појава.

Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.

притисни ентер