МИОА почнува со активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата

МИОА почнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата.

Министерството за информатичко општество и администрација започнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата и европските стандарди, што е барање кое се наведува и во новообјавениот Извештај на ЕК. Реформите ќе бидат донесени преку консултативен и отворен процес и активностите ќе бидат координирани со сите институции и чинители во областа, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Предизвиците наведени во Извештајот, посочуваат од МИОА, ќе бидат адресирани соодветно, и дека справувањето со нив и подобрувањето на состојбите претставуваат цел во нивното работење.

Од МИОА посочуваат дека новиот извештај на Европската комисија за 2021 година нагласува дека целокупниот политички контекст во кој работат медиумите е генерално поволен за промовирање на слободата на изразување и плуралистички гледишта во Република Македонија.

Општиот контекст во нашата земја е поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите, се вели во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ за 2021 година.

– Професионален и коректен однос кон сите засегнати страни и чинители во медиумската фела е нашиот водич во процесот на реформи во медиумската сфера со цел овозможување на клима за промовирање на слободата на изразување, наведува МИОА.

Пиоли пред реваншот со Рома: Ова е одлучувачки момент за европските амбиции на Милан

 Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ги искажа своите очекувања за вечерашниот натпревар со Рома.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, Милан загуби на домашен терен од Римјаните со резултат 0:1.

- Одам на овој натпревар со самодоверба бидејќи знам за што се способни моите играчи. Сигурен сум дека знаат што да прават на вакви важни натпревари. Мора да подобриме некои ситници во однос на првиот натпревар. Ова е одлучувачки момент за нашите европски амбиции. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети на теренот и да ја исцедиме секоја последна капка пот, изјави тренерот на Милан.

Натпреварот на „Олимпико“ во Рим ќе почне во 21 часот.

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

притисни ентер