Минусни температури во цела држава, на Попова Шапка измерени -16 степени

Минусни температури изутрина во седум часот се регистрирани во целата држава, а најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -16 степени. 

Во Берово и Маврово се регистрирани -15 степени, -14 во Крушево и Претор, -13 Битола, -12 Охрид, -11 Крива Паланка, -10 Прилеп, -8 Тетово, -7 Штип, Струмица, -6 Куманово и Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Дојран, а во Гевгелија – 3.

Висината ан снежната покривка на Попова Шапка изнесува 32 сантиметра, 20 во Битола, осум во Крушево, седум во Маврови Анови, а по шест односно пет сантиметри во Охрид и во Претор и Ѓуриште, два во Крива паланка и еден во Пожаране.

УМХР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.

Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Турчин пред ќерката на улица ја претепува својата поранешна сопруга (ВИДЕО)

Турчинот кој ја претепал својата поранешна сопруга среде улица, како што може да се види на видеото на социјалните мрежи, е приведен, објави денеска државната новинска агенција Анадолу.

Нападот се случил вчера вечерта во северниот град Самсун.

Видеото направено од блиската куќа ја прикажува жената како лежи на земја додека мажот ја удира неколку пати по главата, телото и лицето. Нивната 5-годишна ќерка стои покрај нејзината мајка и плаче.

Жителите повикале брза помош и жената не претрпела повреди опасни по животот. Осомничениот е приведен истата вечер.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Директорот за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Твитер објави дека случајот внимателно ќе се следи, а женските организации бараат строго спроведување на законите што ги штитат жените.

Според тие организации, најмалку 300 жени биле убиени од мажи минатата година во Турција. Во половина од случаите, убиецот бил партнерот.

СДСМ: На Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба

Губитникот Христијан Мицкоски ја предводеше својата ВМРО-ДПМНЕ во шест порази на сите изборни соочувања со граѓаните во последните четири години.

Очигледно после сите порази на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотелја во Белиот дворец.

Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори.

Ова покажува дека Мицкоски се уште функционира по методите на неговиот ментор Груевски, кој 11 години со нарачани анкети манипулираше со јавното мислење.

Од друга страна граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести и работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Скандал во Бундестагот: Пратеник од власта правел профит од заштитни маски

Никола Либел, член на Бундестагот од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска најави оставка и напуштање на политиката.

Либел се повлече откако било откриено дека неговата приватна компанија остварила профит од трговијата со маски на почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Критиките денеска пристигнале од опозициските партии, но и од неговите сопартијци, бидејќи било откриено дека неговата приватна компанија заработила 250.000 евра од трговија со заштитни маски на самиот почеток на пандемијата, објави АП.

притисни ентер