Министрите за одбрана потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор

Министрите за одбрана на Италија, Албанија, Македонија и Бугарија потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност за потребите на НАТО.

Министрите за одбрана потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Италија, Албанија и Бугарија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата.

Ова, како што соопштуваат од МО, е првиот меѓународен документ потпишан од страна на новата Влада.

Целта на оваа иницијатива е да се овозможи побрз проток на воените сили и опрема на Алијансата преку поедноставување на националните процедурите за граничен премин, особено во услови на криза.

Со потпишувањето на Писмото за намери се преземаат чекори кои значително ќе ја зголемат ефикасноста на воената логистика и операции, во случај на потреба. Исто така, проектот ќе придонесе за унапредување на координацијата меѓу земјите потписнички, како и инфраструктурата долж Коридорот, а со што ќе се овозможи и полесен пристап кон армискиот полигон Криволак.

Коридорот ќе се протега од Италија, преку Албанија и Македонија, до Бугарија, со можност за проширување.

Оваа иницијатива е практичен придонес кон напорите на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната на целата територија, придонес за зајакнување на воената мобилност во Европа, како и кон зајакнувањето на соработката меѓу НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од МО.

Видео: Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), додавајќи дрека набрзо следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер.

Видео: Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар

Британските медиуми јавија дека епицентарот на потресот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри, а се случил утринава во 6 часот и 20 минути.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.

Потресите беа почувствувани и во Бангкок, каде стотици луѓе излегоа на улиците.

Зградите се треселе, поради што многу луѓе биле евакуирани од нив, а една зграда во изградба била целосно урната.

Бангкок има 17 милиони жители, од кои многу живеат во високи згради.

Француското обвинителство бара седум години затвор за Саркози

На Саркози му се суди од јануари под обвинение за прикривање на проневера на јавни средства, пасивна корупција, незаконско финансирање кампања и криминален заговор за извршување кривично дело.

Француското обвинителство бара седум години затвор за Саркози

Француското обвинителство вчера побара седумгодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател Никола Саркози, кој се соочува со обвиненија за незаконско финансирање на кампањата од режимот на сега починатиот либиски владетел Моамер Гадафи.

На Саркози му се суди од јануари под обвинение за прикривање на проневера на јавни средства, пасивна корупција, незаконско финансирање кампања и криминален заговор за извршување кривично дело.

Обвинителот Себастиен де Ла Туан ги опиша обвиненијата против Саркози и другите 12 обвинети како „корупција од висок интензитет“.

Де Ла Туан рече дека Саркози склучил „фаустовски пакт за корупција со еден од најомразените диктатори во последните 30 години“.

Обвинителите побараа и петгодишна забрана за политичка активност и користење на одредени привилегии.

Надвор од судницата, адвокатите на Саркози им рекоа на новинарите дека бараните казни се строги и неосновани и дека тој е невин.

„Ќе продолжам да се борам сантиметар по сантиметар за вистината и да верувам во мудроста на судот“, објави Саркози на Фејсбук, додавајќи дека случајот е политички мотивиран.

Земјотрес почувствуван во Битола и околината

Земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола - Лерин, во Република Грција, на 125 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4, е регистриран утрово во 06 часот и 04 минути.

Земјотрес почувствуван во Битола и околината

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

притисни ентер