Министрите од ДУИ ги доставија оставките до Ковачевски

Со образложенија напишани на една страница, кадешто потенцираат дека местото на Македонија е во Европската Унија, петтемина министри од ДУИ преку социјалните мрежи соопштија дека му ги доставиле оставките на премиерот Димитар Ковачевски.

Груби, Османи, Бектеши, Шаќири и Бесими потенцираат дека бараат престанокот на нивните функции да важат откако опозицијата ќе гласа за промена на уставот.

-Ви ја предавам, почитуван премиере, мојата оставка, која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени во Собранието. Се чувствувам горд и почестен од дадената доверба од лидерот Али Ахмети, ДУИ и граѓаните, како и од вашата доверба за да бидам дел од реформскиот и интегриран владин кабинет.. пишува во оставките на министрите.

Овој чекор СДСМ го оценува како исполнето барање на ВМРО-ДПМНЕ кое произлезе од лидерската средба.. Сега велат дека нема пречка зошто опозициските пратеници да ги одбиваат уставните измени, а напредокот во евроинтеграциите според владејачката партија ќе значи и крај на бугарските пасоши кои ги вадат македонските граѓани и тезата за „еден народ две држави“..

-Ако навистина се грижат за интересите на државата тогаш Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка на измените на Уставот. Во спротивно ќе покажат дека се за изолација и дека можеби одработуваат за туѓи интереси, спротивни на државните и националните интереси, Ненад Коциќ – пратеник на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на колективните оставки гледаат како политички маневар на ДУИ... Пратеничката Гордана Силјановска Давкова во емисијата Вести плус вчера рече дека се работи за непознат феномен со оглед дека се со испорачан услов до опозицијата.

-Преку премиерот истата се доставува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставкитеСе работи за некое алиби, за некој политички маневар кој не можам да го толкувам бидејќи непознат феномен е... Првпат слушам за условени оставки.-Гордана Силјановска Давкова – пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога премиерот Ковачевски ќе ги достави оставките до парламентот засега нема информација, а примерот на министрите најави дека ќе го следи и собранискиот спикер Талат Џафери. Покрај оставките, функцонерите од партијата на Ахмети велат дека би се откажале и од техничка Влада и премиер Албанец 100 дена пред изборите..

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер