Министрите на членките на Г7 ветија да ја засилат економската и политичка изолација на Русија

Министрите за надворешни работи на Г7 ветија дека ќе ја засилат економската и политичка изолација на Русија, ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје и ќе работат на ублажување на глобалниот недостиг на храна.

По состанокот во замокот стар 400 години во балтичкото одморалиште Вајсенхаус, министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија, Јапонија, Соединетите Американски Држави и Европската унија, исто така, ветија дека ќе продолжат со воената помош за Украина „се додека е потребно“..

Тие, исто така, соопштиле дека ќе се занимаваат со „руските дезинформации“ чија цел е да се обвини Западот за проблемите со храната ширум светот поради економските санкции кон Москва и ја повикаа Кина да не ѝ помага на Русија и да не ја оправдува руската инвазија.

Клучот за зголемување на притисокот врз Русија е забраната или постепеното укинување на руската набавка на нафта. Се очекува следната недела земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за ова прашање, иако во моментов има противење од Унгарија.

„Ќе ги забрзаме нашите напори да го намалиме и прекинеме нашето потпирање на руската енергија што е можно поскоро, надградувајќи се на обврските на Г7 за постепено укинување или забрана за увоз на руски јаглен и нафта.“

Арсовска: Противпожарно возило обезбедено од Градот Конја за Скопје

При посетата на противпожарната професионална служба во градот Конја, остваривме средба со командантот Џевдет Ишбитриџи на која разговаравме за можностите за соработка во насока на отпочнување заеднички проекти и обуки.

Во рамки на тродневната посета на Република Турција, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари повеќе средби со официјални претставници, меѓу кои и работна средба со градоначалникот на градот Конја г-дин Угур Ибрахим Алтај, на која се потпиша протокол за соработка, а како гест и потврда за воспоставените пријателски билатерални односи и соработка, градоначалникот Алтај за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе обезбеди противпожарно возило.

-На работните средби кои ги остваривме во градот Конја договоривме конкретна соработка со градоначалникот Алтај, при што морам да го потенцирам пријателскиот и пречек и од желбата за интензивирање на билатералната соработка, која резултираше со гест на потврда на овие заложби од страна на Градот Конја, со доделување на противпожарно возило за потребите на Противпожарната бригада на градот Скопје, во интерес на сите скопјани, истакна Арсовска.

Арсовска ја посети противпожарната служба во градот Конја која опслужува територија над 42.000 квадратни метри, ја обезбедуваат 1000 пожарникари и над 2000 волонтери кои се грижат за безбедноста од оваа сфера на околу 3 милиони граѓани во градот.

-При посетата на противпожарната професионална служба во градот Конја, остваривме средба со командантот Џевдет Ишбитриџи на која разговаравме за можностите за соработка во насока на отпочнување заеднички проекти и обуки, како и размена на знаења на противпожарните бригади во делот на противпожарната заштита, но имавме и прилика да ја видиме нивната техничка опременост во функција на заштита на околу три милиони граѓани во градот, вели Арсовска.

Во рамки на посетата на Република Турција, Арсовска и директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје, Зуди Енузи, остварија средби со гувернерот на градот Конја, г-дин Вахдетин Озкан, со претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, г-дин Серкан Кајалар и со претставници на деловната заедница.

-Сакам да се заблагодарам на гостопримството за време на значајни посети со кои отпочнуваме нови чекори за зајакнување на соработката, со која ќе бидат реализирани бројни проекти за развој и просперитет во интерес на граѓаните на Скопје, истакна Арсовска.

Град Скопје

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели

 Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието.

Со оспорената Одлука се врши конкретно разрешување на член на Комисијата и тоа претставува конкретен-поединечен акт, па според уставните судии, таа не е пропис и нема основа за уставно-судска оцена.

Според судијата Насер Ајдари, Уставниот суд не може да се впушти во анализа на постапката за разрешувањето и примената на одредбите од Деловникот на Собранието а со тоа и во оценка на основаноста на наводите истакнати во иницијативите и мериторно да одлучува.

Судијата Осман Кадриу на седницата кажа дека овие прашања по својата природа се можне чувствителни, се политизираат и проблематизираат во јавноста и затоа Уставниот суд е најповикан орган да изрази мислење.

– Актот на Собранието е индивидуален правен акт со кој се решаваат конкретни статусни прашања. При вакви акти кога се ценат од аспект на уставна контрола се индивидуални акти и не подлежат на уставно-судска контрола, рече Кадриу.

Политичката партија „Левица" ја поднесе иницијативата до Уставниот суд на 25 март годинава, после разрешувањето на Зендели од Комисијата.

Подносителот на иницијативата смета дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа е спротивно на уставното начело на уставност и законитост.

Во наводите на иницијативата пишува дека оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми.

Според подносителот, меѓу другото, оспорениот акт не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред на собраниска седница.

Изгоре автомобил мерцедес во пожар кој започнал при движење на возилото

На регионалниот пат Тетово-Скопје кај Желино вчера во пожар изгоре возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки. Огнот во возилото започнал додека автомобилот бил во движење, а при тоа возачот не бил повреден.

-Во 15 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, по кое се движело, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес" со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ф.(18) од тетовска Палатица. Нема повредени лица, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, информираше СВР Тетово.

Од пожарната информираа дека интервенирале две екипи со вкупно пет пожарникари.

притисни ентер