Министри од Владата одржаа состанок со директоратите на ЕК за економски реформи

По повод Програмата за економски реформи 2021-2023 година, која се достави до Европската комисија на 29 јануари 2021 година и која има за цел преку конкретни реформски мерки да дејствува на клучните предизвици за конкурентноста на земјава, во рамки на дијалогот со Европската Унија за исполнување на економските критериуми, денеска се одржа состанок на високо ниво помеѓу министри од Владата на Република Македонија и директори во генералните директорати за проширување и соседска политика и за труд и социјална политика, како и претставник од Директоратот за економија и финансии на Европската комисија.

Како што соопшти Министерството за финансии, фокусот во 2021 година ќе биде справувањето и надминувањето на последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и поставување основи за забрзан и одржлив економски раст, зелена економија, дигитализација на процесите и општо подобрување на сите процеси и состојби во општеството.

На средбата, покрај министерот за финансии Фатмир Бесими, координатор на процесот на изработка на Програмата на економски реформи, присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерите за транспорт и врски Благој Бочварски, за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, за образование и наука Мила Царовска, за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, за здравство Венко Филипче, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како и директорот на Фондот за иновации Коста Петров, заменик-министерот за економија Зоран Маневски и државниот секретар на СЕП Калинка Габер. Од страна на Европската комисија на состанокот присуствуваа директорката на Директоратот за стратегија во ДГ НЕАР (Генерален директорат за проширување) Мирјам Феран, директорот на Директоратот за мобилност на работна сила во ДГ ЕМПЛ (Генерален директорат за вработување и социјална политика) Џорди Курел, Уве Штам, раководител на Одделението за држави – кандидати за членство во ЕУ во ДГ ЕКФИН (Генерален директорат за економија и финансии) и евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Европската комисија во својот извештај за спроведување на економските реформи од лани идентификува три клучни структурни предизвици коишто треба да се надминат со цел да се поттикне конкурентноста и инклузивниот раст во земјава. Тоа се подобрување на конкурентноста на домашните компании и интеграција во глобалните синџири на вредности, подобрување на квалитетот и важноста на образовниот систем и формализација на економијата.

Оттаму, како што се наведува во соопштението, во Програмата на економски реформи 2021-2023 се опфатени 20 приоритетни реформски мерки коишто треба да се спроведат во наредните три години во насока на реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.

-Програмата содржи мерки за зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија, промоција на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и имплементација на интелигентен транспортен систем долж паневропскиот Коридор 10. Програмата содржи и мерки насочени кон подобрување на деловното окружување, како рационализирање на парафискалните давачки и формирање единствен регистар за истите, формирање електронски пазар за набавки од мала вредност и поддршка на новоосновани мали и средни претпријатија во помалку развиените региони. Во насока на намалување на неформалната економија ќе се преземат механизми за поттикнување на регистрираните економски активности и трансакции, со фокус на секторите каде што има најголема веројатност за непријавена работа, се наведува во соопштението во МФ.

Програмата содржи и мерки за подобрување на резултатите од образовниот процес и намалување на неусогласеноста на вештините и квалификациите со потребите на пазарот на работна сила. Истовремено, ќе се работи и на спроведување на новиот Закон за социјална заштита, особено во поглед на најранливите категории граѓани, како и поголема активност на работоспособното население. Во оваа Програма за првпат се вклучува и здравствениот сектор, каде што се предвидени активности за подобрување на примарната здравствената заштита на населението.

Состанокот на високо ниво се одржа во рамките на оценската мисија на Европската комисија на Програмата 2021-2023. Во мај 2021 година, ќе се спроведе дијалог во рамките на Советот на ЕУ со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Резултат на дијалогот е донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на Програмата, со што се даваат препораки за подобрување во економските политики, со цел забрзување на економската конвергенција, зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. /МИА.

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција

Потребна е стратегија и патоказ за да имаме одржлив процес за енергетска транзиција во Општина Центар, ова е заклучокот од денешната работилница што се одржа во Енергетската канцеларија во локалната самоуправа.

На работилницата на која учествуваа експерти, претставници на невладини организации, преставници на Општината и општинското претпријатие Енергија центар, соговорниците дискутираа за актуелните проекти во доменот на енергетиката, зелената агенда, животна средина и др.

Градоначалникот Герасимовски презентираше до каде е Општината во процесот на енергетска трансформација и транзиција. Тој потенцираше дека фотоволтаичната централа поставена на градинката Пепелашка минатото лето дава одлични резултати во намалување на трошоците за електрична енергија, а следно е поставување на централа врз покривот на ООУ ,,Киро Глигоров". Наша цел е да поставиме фотоволтаични системи на сите основни училишта, но засега почнуваме прво со ООУ „Киро Глигоров“. Мораме да бидеме претпазливи и внимаваме на секој детаљ. Засега сме во процес на јавен тендер и фирмите учесници треба да ги исполнат критериумите.

Вангел Андрески, директор на Енергија Центар ја потенцираше улогата на првото вакво претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори.

„Со поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ успеавме да формираме вакво претпријатие, а процесот беше макотрпен и понекогаш фрустрирачки, со многу докуменатција, барања за куп дозволи по разни институции. Сега кога веќе започнавме со работа се соочивме со нов проблем, а тоа е потреба од едукација и подигање на свеста на граѓаните за придобивките на фотоволтаиците и нивната безбедност за корисниците, истакна Андрески, зборувајки за проектот кој се планира за ООУ ,,Киро Глигоров”.

Експерите се согласија дека иднината е токму во енергетската транзиција и трансформација која треба да почне од локално за да се прошири на национално ниво. Заштедите, но и бенефитите за животната средина се од непроценлива важност за воведување на вакви „зелени“ енергетски системи, но за разлика од другите држави во ЕУ и регионот, ние сме се уште во пионерска фаза.

Сите заштедени средства, велат експерите, по теркот на европските држави, понатаму треба да се влеваат во проектите од доменот на животната средина, преку субвенции за здрав и еколошки начин на живот на граѓаните.

Денешната работилница ,,Патоказ за енергетска транзиција - дефинирање на стратешки пристап кон одржлива иднина на Општина Центар" се организираше под покровителство и соработка со Фондација Фридрих Еберт, невладината Гринер и Општина Центар.

Општина Центар

Митрески - Бомгартнер: Македонија и Франција имаат одлични односи

Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска остварил средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, соопшти собраниската прес-служба.

Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, претседателот Митрески ја констатирал одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.

Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се согласил со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздравил средбите на парламентарци од Собранието на Република Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.

Амбасадорот Бомгартнер, како што стои во соопштението, информирал за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.

- Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на месецот март - месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција, се вели во соопштението од Собранието.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Била изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

притисни ентер