Ова министерот за правда, Никола Тупанчевски го иницира на владиина седница по бурата од реакции во јавноста за формираните здруженија во земјава кои носат спорни историски имиња, меѓу кои и соработници на Хитлер. Според Тупанчевски, експертското тело треба да профункционира пред да се донесе новото законско решение за здруженија и фондации, за да се спречат злупотреби на законските опции за формирање здуженија под било кое историско име.
„Да се формиа ад – хок тело, меѓуресорско, експертско, коешто ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат или ќе дадат мислење за давање на согласност. Во таа насока мислам дека ќе биде и намалена можноста за злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.“-Никола Тупанчевски, министер за правда
Паралелно во Министерството за правда се работи на новото законско решение. Работната група последно се состана претходната недела, но детали засега не се откриваат, освен дека на маса биле отворени сите прашања, а нов состанок ќе имаат идниот месец. Кога ќе се изготви првичната верзија на законското решение за здруженија таа ќе биде објавна на ЕНЕР за евентуални промени пред конечниот законски предлог, велат од правда за Канал 5.
Во меѓувреме, истражните органи ги испитуваат спорните здруженија. Охридското обвинителство се интересира дали има пропусти од институциите при регистрацијата на здружението цар Борис III во Охрид. Битолското обвинителство пак ја истражува регистрацијата и функционирањето на културниот центар Ванчо Михајлов.
И додека власта бара решение, тие делуваат. Бугарското здружение „Фондација Македонија“ на социјалните мрежи објави дека нуди месечна стипендија од 30 евра за секое дете од Македонија и Србија ако учи бугарски јазик.