Министерството за правда најави промени за Судскиот совет врз основа на оценската мисија од ЕУ

По 23 состаноци, Работната група што ја формираше Министерството за правда за измени на законот за судски совет, согласно препораките на оценската мисија на ЕУ излезе со првичната верзија.

Предлгаат 5 клучни промени.. Од редот на судиите, членови да може да бидат избрани со најмалку 15 години стаж, наместо сегашните 6, и тоа само доколку на изборите гласаат барем половина од судиите.. Од редот пак на т.н. истакнати правници што ги избира Собранието, се воведува услов да имаат нјамалку 20 години стаж, наместо 15, но и претходно да поминат јавни интервјуа слично како што се избираат членовите на Антикорупциска... Дополнително, на огласот на Собранието, предвидено е свои предлози да дадат и универзитетите од редот на професорите, како и адвокатската комора..

Дополнително, ќе се воведе механизам и за дисциплински постапки против избраните членови..

-Во делот на дисциплинските постапки има одредени промени, правото на жалба пред Врховниот суд се предлага два пти да се даде таква можност. Имаше одредени појаснувања во делот на транспарентноста, изборот на членовите на Судскиот совет во насока истите да презентираат свое видување, свои планови и програми, нешто слично како што е кај ДКСК.- Маргарита Цаца Николовска – Поранешен судија во ЕСЧП во Стразбур

Предлозите доаѓаат во период кога идната власт најавува дека целосно ќе го распушти Судскиот совет, и таму во иднина да се избираат само челнвои од редот на судиите. Но, минстерот за правда кој за ова со писмо им се пожали на ЕУ и САД, смета дека нема да има меѓународна поддршка.

Сегашниот модел според кој 8 од 15 члениот Совет ги избираат самите судии, 5 Собранието, а членови шпо функција се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, е регулиран со Уставот, а за негова промена ќе биде потребно 2/3 мнзоинство./..

Од правда велат дека работната верзија сега ќе биде објавена на ЕНЕР а потоа ќе се чека мислење од Венецијанската и Европската комисија, па предлог законот ќе бидат доставени до Собранието.

Бесмира Ејупи заминува на неколкумесечна испомош во конзулатот во Бон,потврдија од МНР

Иако пред две години не успеа да стане конзул во Њујорк, поради притисокот од јавноста, поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи сепак доби шанса да замине во странство, овој пат на испомош во дипломатско конзуларното претставништво во Бон, Германиј.

Иако пред две години не успеа да стане конзул во Њујорк, поради притисокот од јавноста, поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи сепак доби шанса да замине во странство, овој пат на испомош во дипломатско конзуларното претставништво во Бон, Германија, потврдуваат од МНР за Канал 5. Министерот Бујар Османи пред напуштање на владиниот кабинет, освен за Бесмира Ејупи, потпишал решенија за испраќање и на други вработени во министерството на неколкумесечна испомош во ДКП-ата каде во летните месеци имало зголемен обем на конзуларни услуги.

„ Во текот на летните месеци во конзуларните претставништва каде има зголемен обем на работа поради тоа што нашата дијаспора патува дома се праќаат вработени од МНР на неколку месеци испомош за да се олесни издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва. “ – велат од МНР.

Освен решенија за испраќање на лица за испомош во ДКП-ата, пред напуштање на владиниот кабинет, министерот Османи пред две недели распишал и интерени конкурси за испраќање на околу 15-тина нови дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва на Македонија ширум светот. Од МНР за ова велат дека станува збор за редовни административни циклуси, а дали ќе завршеле конкурсите зависело од новиот шеф на дипломатијата.

Ваквата одлука на Османи наиде на критика од Македонскиот дипломатски синдикат, од каде веднаш по распишувањето на огласот за Канал 5 изјавија дека процедурата за избор на нови дипломати во нормални услови трае од 1 до месец и половина, така што некоректно е, сега да се распишува конкурс во време кога за десетина дена очекуваат нов министер.

„Сметаме дека е некоректно и према колегите но и политички некоректно на 10 дена пред доаѓање на нов министер, министерот во заминување да носи одлука за тоа кој диполмати се соодветни за одредени места.-изјави Веле Трпевски – претседател на МДС .

Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук се пофали дека во галеријата уметнички слики на досегашните премиери во Владата ќе стои и негов портрет а објави и заедничка фотографија со авторот на портретот, на лпгп му се заблагодари на како што пишува маестралното сликање на неговиот премиерски портрет ..

Џафери е третиот технички премиер и согласно договорот од Пржино со владата ќе раководи до изборот на новиот владин кабинет што треба да се случи за една недела

Мареј по петти пат на Олимписки игри

Двократниот олимписки првак, од Лондон 2012 и Рио де Женеиро 2016, британскиот тенисер Анди Мареј ќе настапи ова лето во Париз на своите петти Олимписки игри, објави попладнево британскиот олимписки Комитет.

Мареј, кој се очекува да се збогува со професионалниот тенис по Игрите во Париз, во моментов е рангиран на 97 место на АТП листата.

Во машкиот тим на Велика Британија за олимпискиот турнир се и капитенот Иан Бејтс и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Ден Еванс. Кејти Болтер ќе биде единствената британска тенисерка во Париз.

За Велика Британија во машки двојки ќе играат Џо Салесбери и Нил Скупски.

Олимпискиот тениски турнир на програмата е од 27 јули до 4 август.

Драма на ЕУРО: Германската полиција застрела маж со секира во близина на фан зоната во Хамбург

Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворкта од холандските навивачи пред дуелот со Полска. 

Нема информации дали некој е уапсен при оваа акција на германската полиција.

Четири истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде се собраа навивачи од Холандија и Полска пред денешниот меч на нивните селекции на ЕУРО 2024.

Според медиумите, напаѓачот имал и молотов коктел.

притисни ентер