Министерството за економија и труд доделува финансиски средства

Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата за заштита на потрошувачите.

Министерството за економија и труд доделува финансиски средства

Министерството за економија и труд денеска објави јавен повик за доделување финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите. Крајниот рок за поднесување на апликациите е најдоцна 20 септември.

-Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите, се вели во соопштението од Министерството за економија и труд.

Оваа иницијатива, додаваат, е дел од нивните постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права.

-Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани, велат од Министерството.

Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата може да се најдат на веб-страница www.economy.gov.mk. Крајниот рок за поднесување на апликациите е најдоцна до 16:00 часот на ден 20.09.2024 година.

МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

 БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.

МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, прекршок, кој според Министерството за животна средина и просторно планирање е од трета категорија.

-По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24 март годинава од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од МЖСПП.

Од Министерството појаснуваат дека според известување од страна на БУЛМАК, на 14 март во период од 06:30 до 07:00 часот се случил инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација и содржи само механички онечистувања, односно е заматена. БУЛМАК известил дека во меѓу време дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата.

-Со потпишување на записник сторителот се согласува за поведување на постапка за спогодување согласно член 212-г од Законот за животната средина. Предвидената прекршочна глоба за големи трговци согласно регистрацијата во Централен Регистар на РСМ во овој случај за правниот субјект е максимална и изнесува 180-000 до 200.000 евра во денарска противвредност, односно максимални 10.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице, велат од Министерството.

Министерот Изет Меџити, додаваат, испратил јасна порака дека нема толеранција за загадувачите.

-Законот мора да се почитува. Секој што ќе ја загрози животната средина ќе се соочи со санкции, без исклучок. Инспекциските контроли ќе продолжат со засилено темпо, а Министерството ќе инсистира на целосна транспарентност и одговорност. Ова е само еден од многуте чекори што ги преземаме за да обезбедиме чиста и безбедна околина за сите граѓани, рекол министерот Меџити.

Министерството за животна средина и просторно планирање, потенцираат оттаму, е целосно посветена за заштита на природните ресурси и подобрување на механизмите за следење и контрола.

Флик: Се надевам дека најдоброто допрва доаѓа

Шпанскиот и европски фудбалски гигант Барселона е без пораз од крајот на декември, Каталонците синоќа и ја продолжија низата без пораз во сите натпреварувања на 19 натпревари со лесниот триумф од 3:0 над Осасуна во одложениот натпревар.

Флик: Се надевам дека најдоброто допрва доаѓа

Шпанскиот и европски фудбалски гигант Барселона е без пораз од крајот на декември, Каталонците синоќа и ја продолжија низата без пораз во сите натпреварувања на 19 натпревари со лесниот триумф од 3:0 над Осасуна во одложениот натпревар.

По синоќашната победа Барса е повторно на врвот во Ла Лига со три бода повеќе од големиот ривал Реал М. .

Тренерот Ханси Флик го пофали фокусот на неговиот тим на, како што рече, беспрекорниот настап, иако со неколку промени во стартниот состав поради повреди на играчите и обврски со националните тимови.

-Поминуваме низ одличен момент и горд сум на тимот, кој покажува концентрација на секој натпревар. Остануваат уште 10 натпревари и имаме три бода предност, така што тоа е добро и мораме да продолжиме со истиот став. Се надевам дека најдоброто допрва доаѓа, додаде тренерот на Барса.

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

„Во овие тешки моменти, во оваа болка со која сите ние се соочуваме да бидеме единствени, да бидеме сплотени, да не ги политизираме работите, да бидеме хумани и да помагаме на оние на коишто им е најпотребно во овој момент“, рече Герасимовски. 

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа гостуваше во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани“, кадешто граѓаните можеа телефонски да донираат средства за настраданите сограѓани од пожарот во Кочани.

Во студиото на Канал 5 телевизија, Герасимовски порача дека во овие тешки денови мораме сите ние да бидеме заедно, сплотени и хумани, а политиката да ја тргнеме настрана. На прашање на новинарката дали општината има донирано, Герасимовски информираше дека Општина Центар донирала, но и тој самиот исто така ја донирал својата плата за настраданите.

„Во овие тешки моменти, во оваа болка со која сите ние се соочуваме да бидеме единствени, да бидеме сплотени, да не ги политизираме работите, да бидеме хумани и да помагаме на оние на коишто им е најпотребно во овој момент“, рече Герасимовски.

Тој истакна дека на Управниот одбор на ЗЕЛС се дискутирало на повеќе точки, меѓукои за подигнување на безбедноста и давање препораки на куќните совети во делот на хидрантите, на ПП апаратите и на заштитата на фасадите коишто се во лоша состојба.

„Дополнително, поразговаравме во делот и на урбаната опрема, угостителските објекти и сите оние услови коишто треба да ги исполнуваат. Направени се посебни комисии коишто ќе спремаат одредена, стандардизирана програма за урбана опрема којашто ќе биде единствена и ќе важи за сите општини во државата. Ја подигнавме безбедноста на нашите најмлади, на учениците во училиштата и децата во градинките. Можам слободно да кажам, родителите да бидат спокојни, нашите училишта и градинки се на највисоко безбедносно ниво и така ќе продолжиме во наредниот период. Во моментов имаме пациенти коишто се лекуваат, треба да најдеме начин сите заедно, сплотено да помогнеме на тие семејства, но и на семејства на трагично загинатите, да искочиме во пресрет на тие семејства“, изјави Герасимовски во емисијата на Канал 5.

притисни ентер