Министерството за економија го подготви првиот Предлог-закон за ЈПП во земјава

Новиот закон за ЈПП има за цел да придонесе за социо-економскиот развој преку поттикнување на конкурентноста, инвестициите, трговијата и технолошките иновации.

Министерството за економија со помош на експерти од Светска банка го подготви првиот Предлог-закон за јавно приватно партнерство (ЈПП) во земјава, чија главна цел е да се зајакне улогата и надлежностите на Министерството како силен надзорен субјект, во реализацијата на ЈПП проектите во текот на целиот нивен процес, почнувајќи од самиот почеток па се до истекот на договорите за ЈПП, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.

-При подготовка на оваа регулатива во изминатиот период како надлежно министерство бевме во постојана комуникација со стопанските комори и со бизнис заедницата со цел да имаме правна рамка која ќе биде во интерес на сите засегнати страни, да се дефинираат и разјаснат проблемите со кои се соочуваа досега кај ЈПП, за да се подобрат можностите за користење на приватниот сектор за навремена испорака на поефикасни и поквалитетни јавни услуги, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и шефот на канцеларијата на Светска банка во земјава Масимилијано Палоучи.

Предлог- законот, изработен со Светска банка и со поддршка на Британската амбасада во рамки на проектот „Зајакнување на правната рамка и политика на ЈПП и концесии во Република Македонија" започнат во јули 2019 година, додаде, го испративме до сите инволвирани страни со цел во наредниот период целосно да се усогласи со најдобрите светски стандарди и со меѓународната практика за ЈПП.

-Новиот закон за ЈПП има за цел да придонесе за социо-економскиот развој преку поттикнување на конкурентноста, инвестициите, трговијата и технолошките иновации. Новите инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат подобри работни места, ќе го зголемат пристапот до пазарот на труд и ќе обезбедат подобри услуги во клучните сектори како што се вода, енергија, здравје и образование, потенцира Бектеши.

Нагласи дека Министерството заедно со ИТ експерти од Светска банка, паралелно со законот работеше и во креирањето на единствен систем/софтвер за Министерството за економија каде што ќе се водат сите склучени ЈПП договори во РСМ, како единствено складиште на сите ЈПП и како единствен електронски запис за сите договори и централен извор на информации за доделените договори.

-Регистарот ќе собира и евидентира информации од договорите за ЈПП и сродните документи, и ќе им обезбеди пристап до податоците на сите донатори за следење на проектите од самиот почеток, па се до склучувањето на договорот, како и неговото спроведување до крај. Оттаму, регистарот на ЈПП ќе се користи и за целите на надзор на уредното плаќање на надоместоци за ЈПП и реализација на обврските на партнерите во врска со спроведувањето на договорите, рече Бектеши.

Шефот на канцеларијата на Светска банка Палоучи во онлајн обраќање рече дека ЈПП игра конструктивна улога во развојот на една земја и може да ги подобри квалитетот и ефикасноста на трошоците на јавните услуги. Потенцира дека клучните земји во ЕУ имаат добри примери за користење на ЈПП и концесиите.

-Според Светска банка само во 2019 година инвестициите преку ЈПП на глобано ниво достигаа 96,7 милијарди евра преку 419 проекти во 62 земји во светот. ЈПП многу ретко преставуваат повеќе од 10 проценти од владините инвестиции на годишно ниво и тие се само дополнување на традиционалните јавни инвестиции, рече Палоучи.

Три работи, потенцира, се потребни за усешна имплементација на ЈПП – прво политичка волја, второ јавниот сектор да има капацитет да развие проекти од кои ќе има заемна корист со приватниот сектор, и трето да има транспарентност за употребата и спроведувањето на ЈПП.

Британската амбасадорка Галовеј посочи дека нејзината земја има големо искуство за партнерство на Владата и приватниот сектор во доставување услуги на народот кое, како што кажа, е подготвена да го сподели со земјава.

-Ни преставува задоволство да ја поддржиме Владата во идентификување и примена на моделот на ЈПП кој одговора на потребите на Македонија и нејзината економија. Искуството и советите на Светската банка кои ги содржат најдобрите светски практики ќе обезбедат оптимален модел на ЈПП за земјата, рече Галовеј.

ЈПП, посочи, значи ризик, но многу од овие проекти се успешни насекаде во светот, иако има и некои со големи пропусти. Затоа треба да се постават обвски за јавниот и приватниот сектор кои треба да ја подобрат ефективноста на ваквите проекти. /МИА.

Волф ги кажа кандидатите од кои ќе ја бира замената за Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека размислува за четири кандидати кои се потенцијална замена за Британецот Луис Хамилтон во 2025 година, пренесува „planetf1.com“.

- Оваа одлука нема да биде донесена во наредните недели или месеци. Сакам да ја следам ситуацијата на пилот-пазарот. Верстапен? Да, размислувам и за него, се гледа на нивото на неговите настапи. Но, не би сакал да ги намалувам шансите на другите, рече Волф.

Според изворот, покрај за Верстапен, станува збор за шпанските возачи Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Карлос Сајнц од Ферари, како и за младиот Италијанец Андреа Кими Антонели, кој се натпреварува во Формула 2.

Хамилтон ќе му се приклучи на Ферари следната сезона. Тој ќе го заземе местото на Карлос Сајнц.

Триесет и деветгодишниот Британец вози за Мерцедес од 2013 година.

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

 Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така.

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

притисни ентер