Министерство за транспорт – Со измените олеснуваме изградба на училишта, градинки, болници

Со измените олеснуваме изградба на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи со цел олеснување на животот на граѓаните.

Во врска со измените на Законот за Урбанистичко планирање би сакале да ја информираме јавноста дека овие измени кои се предлагаат се исклучиво во интерес на граѓаните и општините за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина.

Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето на урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план.

Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос.

Со донесувањето на овој Закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој.

Сметаме дека е недозволиво поради немање адекватна правна рамка, општините и државата да не се во можност да ги реализираат своите развојни програми и реализацијата на капиталните проекти да трае со години, дури и со децении.

Во тој контекст би сакале да потенцираме дека околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции.

Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото “ молчењето е одобрување”, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност.

Поради неколку потврдени примери на дивеење на одредени општини, со предложеното законско решение целта е токму да се зајакне улогата на Министерството како контолен механизам во процесот и да се стави ред, а законите да важат подеднакво за сите граѓани.

Со измените е невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. Така се спречува дивеење.

Министерство за транспорт

Градоначалникот Јанчев одржа прием по повод Тиквешкиот гроздобер 2024

Градоначалникопт Митко Јанчев одржа прием за гости и делегации по повод годинешниот Тиквешки гроздобер.

Градоначалникот Митко Јанчев денес во Вински музеј Кавадарци имаше прием на гости и делегации во пријатна атмосфера , добра музика и вкусна храна! Тиквешки гроздобер 2024, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Добредојдовте на ТИКВЕШКИ КАРНЕВАЛ 2024!, објави на ФБ градоначалникот Јанчев.

Германски власти тврдат дека Полска ја саботирала истрагата за Северен ток, се огласи Варшава

Пред речиси две години, неколку експлозии во Балтичкото Море предизвикаа бура низ светот.

Набрзо се дозна дека се уништени три од четирите крака на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои беа поставени за снабдување со гас од Русија до Германија. Но, кој го направи тоа?

Германските инспектори веруваат дека можеби го имаат одговорот. Главниот осомничен е украинскиот инструктор за нуркање по име Володимир З., кој последен пат живеел во близина на Варшава. Инспекторите го сомничат дека го извршил нападот заедно со уште петмина Украинци. Но, пред да биде уапсен, осомничениот побегнал во својата родна земја.

Германските инспектори сега ја обвинуваат Полска дека не ги извршила европските налози за апсење и претрес издадени од германскиот Федерален суд на правдата против Володимир З. во јуни. Германската федерална криминалистичка полиција и федералното јавно обвинителство се незадоволни. Службеник запознаен со истрагата упатил сериозно обвинение до Велт Ам Зонтаг, тврдејќи дека Полска ја саботира истрагата. Друго лице запознаено со истрагата ја нарече епизодата „попречување на правдата“.

„Полската влада очигледно го пушти за да ја прикрие сопствената вмешаност во нападот на гасоводот“, рече Аугуст Ханинг, поранешен шеф на германската Федерална разузнавачка служба или БНД, објави Политико.

Тој е убеден дека претседателите на Полска и Украина, Анджеј Дуда и Володимир Зеленски, биле запознаени со плановите за напад.

„Операции од такви димензии се незамисливи без одобрение на политичките лидери на вклучените земји“, рече Ханинг.

Инспекторите велат дека шестчлената нуркачка екипа која наводно го активирала експлозивот од едрилицата Андромеда била обучена во Полска. Инспекторите веруваат и дека Варшава можеби обезбедила логистичка поддршка за подводната операција. Членовите на екипажот на Андромеда се осомничени дека товареле опрема неопходна за нападот во крајбрежното летувалиште Колобржег, каде што бродот бил закотвен седум дена пред експлозијата.

Германските инспектори, исто така, ги обвинуваат полските власти за намерно задржување на видео снимките од марината Колобржег. Тоа одбивање ги подгреа германските сомнежи за прикривање.

Властите во Полска велат дека се огорчени од обвинувањата кои доаѓаат од Германија.

„Тврдењето дека Украина ја извршила оваа операција со полско знаење е целосно неосновано“, изјави Јацек Сиевиера, шеф на полското биро за национална безбедност.

Тој рече дека обвинувањата и инсинуациите доаѓаат од близок круг на поранешни проруски функционери кои повеќе не се на позиции на моќ.

Полска, рече тој, ги истражува сите траги, вклучително и можноста Русија да била вмешана во нападот.

Во Белград се одржа досега најмасовниот „Прајд“ (ФОТО)

Годинешната Недела на гордоста се одржува од 2 до 8 септември, а прошетката се одвива денеска на релација од паркот Мањеж до зградата на Владата на Србија.

Од шетачите од сите генерации најголемо внимание привлекоа драг кралиците, пишува Телеграф.

Долга коса, впечатлива шминка, вртоглави потпетици, костими кои привлекуваат внимание, а еден од нив носеше лента со натпис „дебел пе**р“. Всушност, на нив нема детал што не привлекува внимание:

Кума на овогодинешната Парада на гордоста е пејачката Зејна Муркиќ.

Камионот на гордоста ја водеше прошетката низ Немањина. Ана Јовановиќ од Белград Прајд изјави дека е горда транс жена Ромка и дека зборува во име на оние чии гласови ретко се слушаат.

Како што вели, како Ромка е маргинализирана поради нејзината етничка припадност, како жена е ограничена од патријархатот, како транс личност нема права или не се почитуваат.

притисни ентер