Случајот се актуелизираше откако антикорупциска уврди дека меѓу нив бил и синот на Талат Џафери, но актуелниот министер Никола Тупанчевски, смета дека ова треба да го расчисти просветниот инспекторат или други истражни институции..
Во тоа време, министерот Јашари го користел дискреционото право да одлучува кој смее да полага правосуден испит, но Тупанчевски вели дека тоа веќе неколку години е променето.
-Во членот 4, став 5 има експлицитна забрана да се повтори она што се случило претходно пред седум години. Некој пред мене констатирал дека има таков недостаток па го коригирал. Јас мислам дека тоа е правилно. Доколку постои било какво дискреционо овластување, треба да биде под сериозен надзор, изјави Никола Тупанчевски – министер за правда.
Дисрекционото право е основен извор на корупција, смета претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска, но повтрои дека немаат механизам да продолжат со испитување на случајот.. Предлага правда да отвори електронско досие во кое ќе има архива од сите кои положиле правосуден испит, па преку таа листа да се знае дали некој не ги исполнува критериумите.
-Транспарентноста е најголем борец против корупцијата и затоа побаравме да има електронско досие на нивната веб страна и документите скенирани да се чуваат таму па секој од вас новинарите ќе може да види.Дискрецијата сама по себе создава многу непријатности и е основен извор на корупција, затоа што дозволува да дојде до израз моќта на поединецот, суетата, влијанието од политиката, истакна Билјана Ивановска – претседателка на ДКСК .
Јавното обвинителство веќе потврди дека ги следат информациите со положените правосудни испити и ќе постапат доколку се утврдат елементи на кривично дело. Од Универзитетот пак се огласија дека поради техничко-административна грешка биле издавани уверенија со погрешно звање, а не дипломи, а такви биле помалку од двесте.
Инаку Барлет Џафери во моментов е дел од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, која наскоро треба да заврши, а во неговите поднесени документи немало недостатоци и затоа му било дозволено да полага приемен испит.