Поставени се во функција но засега работат само во тест период. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека е формирана работна група која со Министерството за правда ќе анализира кои законски измени ќе треба да бидат направени пред целиот проект да биде ставен целосно во функција. Ваквиот начин на следење и казнување на прекршоци во сообраќајот во пракса се очекува да почне да се применува до крајот на следната година и според Тошковски нема да може да се интервенира да се скине казна.
-Констатирани се за 24 часа 2000 сообраќајни прекршоци од 20 0тсто од камерите. Ако пуштиме 100% камери претпоставката е дека за 24 часа ќе имаме 20 илјади прекршоци. Заради тоа што сакаме системски да ги решиме проблемите овде нема да можам дека заклучно со 2024 теорија нема. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем којшто функционира барем во Тетово, Скопје и Куманово. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи
Тошковски денеска даде отчет за сработеното како прв човек на министерството за внатрешни работи во изминатите сто дена. Рече дека затекнал хаос околу проблемот со издавање на личните документи на граѓаните поради што биле зголемени капацитетите. Го обвини претходното раководство дека не водело грижа за полициските службеници посочувајќи дека во изминатите три години биле поднесени над 8000 тужби против МВР за неисплаќање надоместок на хранарина. За да се надмине овој проблем рече дека бил донесен Правилник со кој ќе се регулира начинот на исплата на хранарина.
До МВР веќе се доставени голем број на докази, тврди Тошковски, за лица кои се од интерес за јавноста наведувајќи конкретни предмети кои се доставени до обвинителствата.
-Поднесена е една кривична пријава против директорка на здравствен дом којашто обвинителството ја прифати и ја процесуираше до судот. Поднесена е кривична пријава против актуелен пратеник, поднесена е кривична пријава и против двајца градоначалници. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи
Освен проектите кои досега се реализирани Тошковски најави неколку други како ставање во функција на Центарот за обука на полициски службеници, нови полициски станици во К. Вода и Охрид. Приоритет во иднина ќе биде дигитализацијата со што ќе се олесни работата на полициските службеници а ќе се набавуваат и нови униформи. Околу вработувањата и назначувањата во МВР, Тошковски уверува дека приоритет ќе биде знаењето, капацитетот и професионалноста, а не етничкиот предзнак.