Министерот Хоџа нема објаснување за „Парадата на гордоста“: Семејството е свето

За разлика од политичарите што дадоа поддршка или воопшто не излегоа со став, министерот за земјоделство и генерален секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа, вели дека нема објаснување каква гордост се промовира со парадата..

-Начинот на живот е многу индивидуален и секој има право да живее како што сака. Тоа е демократија. Но, семејните вредности се над се. Тие се основа за градење на здрава иднина. Како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата што се најавува. Ја почитувам слободата, како што ги почитувам и различните мислења за одредени теми, но за мене како јавна личност и како политички претставник на движењето БЕСА во Владата сметам дека институцијата семејство и моралните и традиционалните вредности за она што претставува семејство се нешто свето“, напиша Хоџа на својот профил на Фејсбук.

Мане и на хигиеничарките и на чуварите на Ливерпул им испратил ист подарок

Садио Мане (30) летово се пресели од Ливерпул во Баерн.

Германците му платија 32 милиони евра, а сенегалскиот офанзивец на три натпревари досега постигна два гола за германскиот шампион. Мане е познат како голем хуманитарец, кој гради болници и инвестира во инфраструктурата и образованието во родниот Сенегал, но изненади многумина со подарок за вработените во Ливерпул.

Мане испрати вкупно 150 подароци на вработените во сите сектори на Ливерпул во знак на благодарност за сѐ што направиле за него во изминатите шест години. Сите во клубот, од чистачките до обезбедувањето, добија пакет со чоколадо, фотографија од Мане и лично потпишана благодарница.

Набрзо фотографиите од подарокот се проширија на социјалните мрежи, а некои почнаа да се потсмеваат на фактот дека тој ставил своја фотографија на чоколадото. Мане за Ливерпул играл од 2016 година и по 269 одиграни натпревари и 120 голови реши да го напушти клубот. Во кариерата настапуваше и за Мец, Салцбург и Саутемптон.

Руската амбасада во САД бара визи за Лавров и за руската делегација за седницата на ГС на ОН

Руската амбасада во САД побара од Белата куќа и Стејт департментот да му издадат визи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на сите членови на руската делегација за учество на Генералното собрание на ОН во септември. 

Ова го изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Амбасадата веќе се обрати до Белата куќа и Стејт департментот со барање да ги исполни обврските на една земја на територијата на која е седиштето на ОН и веднаш да му издаде виза на министерот и на сите членови на руската делегација“, рече амбасадорот во изјава за руски медиуми.

Заменик портпаролот на ОН Фархан Хак изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во близок контакт со САД и Русија за прашањето за издавање визи за руската делегација за учество во неделата на политички дебати на високо ниво на сесијата на Генералното собрание на ОН во септември.

Спасовски: Во сабота гласајте за број 1, за модерно и европско Тетово

Советничката листа на СДСМ и колацијата е најдобрата понуда за идниот совет на општина Тетово, составена од чесни и одговорни луѓе, кои Тетово го носат во срцето и знаат како да го направат модерно и европско.

Ова го порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните.

Спасовски ги повика граѓаните во сабота на 20-ти август да гласаат за бројот 1, за кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, бидејќи тие се гаранција за развојот, но и луѓе кои ќе бидат коректив на работата на градоначалникот.

СДСМ се грижи за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, затоа општина Тетово денес сега е пример за соживот, место каде живее концептот едно општество за сите, каде граѓаните се сплотени и единствени во визијата за нови успеси за ваше и наше модерно, европско Тетово, за Тетово, какво што сакаме да му го оставиме на идните генерации, нагласи Спасовски.

Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате Најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово, порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски, се наведува во партиското сооштение.

притисни ентер