Министерот Филипче денеска на нова средба со приватните болници

Министерот за здравство денеска на нов состанок со приватните болници за да се утврди нивното вклучување во лекувањето на ковид пациентите. 

Се уште немало средба помеѓу министерот за здравство имал средба со сопственците на приватните болници, по најавата од министерството за здравство дека денеска треба да се состанат и да прецицираат како приватните болници ќе помагаат на јавното здравство. Од министерството за здравство велат дека средбата ќе биде подоцна во текот на денешниот ден.

По прогласувањето на кризната состојба, државата побара од приватните болници да помогнат со ковид кризата. Во ваква состојба на приватните болници ќе им се наплатува од страна на фондот за здравство сума која им се дава на болниците од јавно здравство.

Јавното здравство ги брои слободните места. Најтешко е на интензвните одделенија, каде е борба за слободен кревет, само во „8 септември“ и на инфективната клиника има ципап маски и респиратори што во моментов стануваат најпотребни за тешките пациенти. Најмладиот пациент на ципап кислородна маска има само 20 година, и е пациент на интнензивното одделение во болницата „8 септември“, и е во тешка состојба.

Пред тријажниот центар и денеска имаше голем број пациенти кои со симптоми и со потешкотии дошле на контрола. Во оваа болница има сместено со 108 пациетни со ковид 19. На инфективната клиника роднините со полни ќеси преку прозорците или преку вработените им носат вода, облека на нивните блиски кои се во болница.

Во Скопје 474 пациенти се сместени во ковид центрите, девет пациенти заминале на домашно лекување. Докторите за канал 5 објаснуваат дека лекувањето трае долго на интезвните одделенија. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер