Експлозијата се случила недалеку од мостот Донерсбергербрике во близина на главната железничка станица.
Експлодирала авионска бомба од Втората светска војна.
Повредени се три лица.
Мостот Донерсбергербрике се наоѓа недалеку од главната железничка станица во центарот на Минхен и дошло потешкотии во градскиот сообраќај.
„Во моментов нема докази за криминални активности. Според првичните информации три лица се повредени, опасната област е претежно оградена, а железничкиот сообраќај е блокиран на главната траса“, изјави портпаролот на градската полиција Питер Вертман.
„Нема опасност надвор од непосредното подрачје“, соопшти полицијата.
Едно лице тешко повредено
Едно лице е тешко повредено, соопшти градската противпожарна служба.
Полицијата соопшти дека стара авионска бомба експлодирала во близина на мостот Донерсбергербрике во Минхен.
„Дојче бан“ објави дека железничкиот сообраќај до и од централната станица во Минхен е прекинат.
Секоја година во Германија се откриваат повеќе од 2.000 тони активни бомби и муниција, а од крајот на Втората светска војна се поминати повеќе од 70 години.
Британски и американски воени авиони ја преплавиле земјата со 1,5 милиони тони бомби од кои загинале 600.000 луѓе. Надлежните проценуваат дека 15 отсто од бомбите не експлодирале, а некои биле закопани на длабочина од шест метри.