Минатата 2022 година плодна во областа на евроинтеграциите и реформските процеси

Изминатата 2022 година е најуспешната година на европските интеграции во историјата на нашата земја и е клучна пресвртница во нашите односи со ЕУ. 

Во тековната 2023 година не очекува успешен завршеток на скринингот и креирање на неопходните документи за отворање на првиот кластер, обезбедување на вистински политички консензус за ЕУ и уставни измени и максимално искористување на сите можности за финансиска помош од ЕУ, оцени вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на првиот панел „ЕУ интеграции и реформски процеси“ во рамки на дводневната годишна конференција „Година на нови можности”, во организација на Владата.

Тој нагласи дека земјава добива околу 100 милиони евра годишно европски пари и додаде дека ЕУ е најголем и најбитен инвеститор во нашиот развој. Европските пари од ИПА, како што рече, треба да и помогнат на државата да ги изведе тешките реформи, а нивниот фокус треба да остане на инфраструктурата и енергетиката.

Како клучно прашање тој го истакна зајакнувањето на кадрите во јавната администрација во делот на евроинтеграциите кои, како што посочи, си ја знаат работата и имаат повеќегодишен континуитет.

– Ако успееме во јавниот сектор да ги задржиме оние кои работат и се вредни, а да ги замолиме да го напуштат оние кои не работат сме завршиле пола од работата. Тоа ќе биде најдобрата инвестиција зашто секоја влада ќе може да се потпре на тие вредни работници, рече Маричиќ.

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во видео обраќање посочи дека изминатата година биле сконцентрирани на дигиталната трансформација на општеството, антикорупциските политики, како и на градење на професионални, транспарентни, одговорни и отчетни институции. Клучни им биле и транспарентноста, одговорноста, ефикасноста и ефективноста, владеењето на правото, интегритетот, инклузивноста и градењето консензус и достапноста за граѓаните.

– Морам да истакнам дека особено се посветивме на унапредување на транспарентноста на институциите, за што веќе има и конкретни резултати, но и во делот на јакнење на интегритетот не само кај избраните и именуваните функционери во Владата, меѓутоа и кај младите кои мора да бидат движечка сила на промените. Овој процес не е лесен. Не е лесно да се промени свеста преку ноќ, но јас верувам дека сме на добар пат, заеднички и со граѓанскиот сектор и со силна поддршка од нашите меѓународни партнери да постигнеме напредок, рече Грковска.

Таа нагласи дека е неопходен силен општествен консензус околу воспоставување на принципите на добро владеење на секое ниво, во секоја институција и област.

– Секое работење мора да биде базирано на транспарентност, отчетност, владеење на правото, ефикасност и ефективност. Граѓаните се веќе суперсензитивни на корупција, на недомаќинско работење, на секаков вид злоупотреби на службената должност. Во соработка со надлежните институции веќе се работи на решенија и политики кои ќе овозможат корупцијата да стане неисплатлива. Јас немам илузии дека корупцијата може од корен да се искорени, но верувам дека таа може да се намали, порача Грковска.

Основата на дигиталната трансформација на општеството, како што рече, е воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин.

– Со надградба на личната карта, која што ќе може да се користи и за електронска идентификација и за електронско потпишување, ќе се овозможи пристап до сите дигитални услуги, посочи Грковска.

Министерот за правда Никола Тупанчевски истакна дека токму дигитализацијата на судството е еден од факторите кои можат да придонесат во однос на сузбивањето на криминалот и корупцијата и додаде дека АКМИС системот и „Кејс менаџмент“ системот во судството се двете алатки кои покажуваат во која фаза во постапката се наоѓа секој предмет. Од 1 јануари годинава, како што кажа, АКМИС системот за автоматска распределба на предметите е воведен и во Јавното обвинителство.

– Првичните резултати од неговото воведување покажуваат дека се движиме во вистинска насока, рече Тупанчевски.

Во однос на ветингот во судството тој рече дека треба да бидеме внимателни ако се потпреме на искуството на Албанија, каде процесот почна во 2017 година и се уште не се постигнати очекуваните резултати и единствено се останати без судии и јавни обвинители.

– Треба да има проверка, а допрва треба да одговориме за начинот на кој тоа треба да го правиме ветингот. Дали ќе биде парцијален само за судии и јавни обвинители или ќе се однесува на сите избрани лица. Дали би го правеле со постојната регулатива или со нов закон и дали со постојни капацитети или со дополнителни. Секако за ветингот треба да има четири задолжителни стандарди или критериуми – интегритет, квалификации, поврзаност со организиран криминал и имотната состојба на судиите и јавните обвинители, потенцира Тупанчевски.

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски рече дека целта на МИОА е создавање на модерна јавна администрација базирана на дигитализација и додаде дека можност за размена на дигитални податоци во моментов имаат 52 институции од кои 27 се приклучени во текот на минатата година.

– Цврсто сме решени да ги користиме предностите на ИКТ индустријата за создавање на дигитално општество и веќе ја изработивме Нацрт национална стратегија за ИКТ со која се очекува да се постигне европскиот просек на тоа поле, рече Бајдевски.

Тој нагласи дека во континуитет се одвива реформата на јавна администрација.

– Процесот не е запрен и сметам дека сме одлучни да ја професионализираме администрацијата. За да ги оствариме тие цели тука е и драфт верзијата за плати во јавната администрација. Се надевам дека во разговор со синдикатите ќе најдеме решение кое ќе биде квалитетно и ќе ни овозможи да ги зачуваме квалитетните кадри во администрацијата. Изминатиот период напорно работевме, а ќе продолжиме и во иднина за еден ден да биде реалност. Новата методологија за пристапни преговори ни оди во прилог. Ќе имаме зголемен притисок на нашата работа со цел да бидеме поефикасни и поефективни, рече Бајдевски.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер