Милошоски: Заев ги помина сите црвени линии кои може народот да ги поднесе

Денес сакам да констатирам дека имаме доволен број на пратеници во комисијата за надворешна политика, но исто така би сакал да констатирам и една работа дека имаме еден премиер којшто ја распродава државата. 

И сметам дека денес не е приоритетно да имаме комисија за надворешна политика за една ратификација, туку поприоритетно е да го кажеме нашиот став за еден чоек којшто е спремен да распродаде се, вклучително и дел од нас тука доколку е неговото политичко преживување во прашање без оглед на жртвите, достоинството, граѓаните Уставот, слобода, сегашноста и иднината на Македонија.

Сакам да укажам неколку работи. Прво да изразам огромно незадоволство од тоа што господинот Заев на еден подмолен нечовечки и недостоинствен начин, во едно интервју дадено вчера на медиумите во Македонија и соседна Бугарија, се откажа од придобивките народноослободителната војна којашто е темелот на создавањето на оваа држава и е темелот на создавањето на темелот во Собранието во коешто ние заседаваме.

Вчера Заев, го понижи и се откажа од Кочо Рацин. Вчера Заев ја понижи и се откажа од Естреја Овадија – Мара, народниот херој од Битола. Вчера Заев гои понижи и се откажа од идеалите на Неџат Аголи кој заврши на Голи Оток. Вчера Заев се откажа и го понижи и ја испогани жртвата на Стив Наумов, кој што беше убиен во Ресен. Вчера Заев заборави дека Кузман Јосифоски Питу и Лиман Каба заедно формираа народноослободителен кружок во Дебар и со нивните жртви овозможија оваа држава да се создаде и овозможија денес да има е образование, војска, Собрание, пратеници, народ, Устав, достоинство, да имаме држава.

Затоа сметам, почитувани колеги пратеници од комисијата за надворешна политика дека денес не е време да држиме седница за ратификација којашто можеме да ја поминеме кога и да сакаме, денеска е време кога треба да бидеме со народот на протест, без разлика дали некој е од СДСМ или ЛДП, без разлика дали е некој од БЕСА или Алијанса, без разлика дали некој е од ДОМ или од друга партија. Ние сите и народни партии, и конзервативни и либерални, центар, и социјалдемократски, левичарски денес треба сите да излеземе на протест за да му кажеме на овој човек дека треба да запре. Дека во државата има повеќе достоинство отколку што тој има интерес да го распродава државното, националното и традиционалното стекнато богатство како слободата, со многу жртви и во Илинден и во АСНОМ и после тоа.

Сметам дека господинот Заев ги помина сите црвени линии што може народот да ги поднесе. Сметам дека на ваквото понижување треба да му ставиме точка. Затоа оваа седница за комисијата за надворешна политика нема да ја отпочнам и ве повикувам сите заедно вечер со граѓаните да се придружиме на протест и да ги оправдаме и честа и жртвите и на Македонците и на Албанците, Евреите, Турците и на сите други коишто ги положиле за создавањето на оваа држава и да му кажеме стоп на овој човек кој што делува како неурамнотежен политичар и ги распродава интересите на Македонија само за свои краткорочни политички цели.

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Груби со груби лаги сака да се вади

 Груби со груби лаги сака да се вади-Неговото министерство исплатило пари на туристичката агенција на брат му Ветон Груби.

Артан Груби безочно ја излажа јавноста. Тој кажа дека министерството кое го управува не исплатило средства на компанијата на неговиот брат, а вистината е дека министерот Артан Груби директно плаќал на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби.

Народот вели дека тој што лаже, тој и краде.

Ова не е единствена исплата на народни пари на име на ЕТЦ Травел. И Владата во периодот од 2020/21 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби.

Да потсетиме дека оваа туристичка агенција на Груби беше дел од скандалот со деловниот простор во центарот на градот кој го купиле по цена од багателни 700 евра за квадрат. И во овој случај, како и во случајот со директната исплата на средства од Груби за Груби, постои основан сомнеж за злоупотреба на позицијата.

Колку повеќе афери и криминали се поврзуваат со Артан Груби, толку тој стана многу понервозен. Затоа Груби со груби лаги сака да се вади, ама уште повеќе се заплеткува. Скандалозниот тендер за надзор на изградбата на автопатите од 22 милиони евра, сомнителната продажба на хотел на Попова Шапка, фирмата за баждарење и уште многу скандали се поврзуваат со Груби. Јавното обвинителство треба час поскоро да се позанимава со овие случаи, а доколку ги забошотува, тогаш и самите тие стануваат негови соучесници.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Топ-25 листа најпривлечни туристички знаменитости во Европа

 На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства.

Списанието „Травел & лејжр“ (Travel & Leisure), со мрежа од стотици објавувачи и фотографи ширум светот, редовно на своите читатели им овозможува увид во најдобрите места за туризам, престој, јадења, истражување... На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства.

Следи новата листа 25 најубави места за посета во Европа:

- Вила „Руфоло“ во градот Равело, Италија;

- Плажата Егремни, Лефкада, Грција;

- Палатата „Пена“, Синтра, Португалија;

- Островот Госпа од Шкрпјела, Црна Гора;

- Бриж, Белгија;

- Опатија на Пресвета Богородица од Сенанк, Гордес, Франција;

- Португалскиот остров Сао Мигел, од архипелагот Азури;

- Кеукенхоф, Лисе, Холандија;

- Шато де Шамбор, во долината на Лоара, Франција;

- Националниот парк Плитвички Езера, Хрватска;

- Колосеумот во Рим, Италија;

- Лапонија, Финска;

- Сан Фрутуозо, Италија;

- Островот Скај, Шкотска;

- Хотелот „Сељаландсфос“ во Хволсволур, Исланд;

- Црковниот храм „Ла саграда фамилија“, Барселона, Шпанија;

- Замокот „Нојшванштајн“ во Швангау, Германија;

- Гејрангерфјорд, Норвешка;

- Ѕидовите на Дубровник во Хрватска;

- Халштат, Австрија;

- Гранд Плас, Брисел, Белгија;

- Ушгули, Грузија;

- Нихавн, Копенхаген, Данска;

- Сината лагуна на Исланд;

- Ракоцбрике, Кромлау, Германија.

Македонија домаќин на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва  на арената Тоше Проески  ги започнува натпреварите во нов квалификациски цикслус за едно ЕУРО.

Црвено жолтите вечерва на нашиот најголем стадион се домаќини на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европскиот шампионат во 2024 година.

Нашите најдобри фудбалери на овој дуел влегуваат како фаворити и се надеваат на три бода на стартот во квалификациите за Еуро 2024.

Капитенот Стефан Ристовски посакува победа за зголемувањето на самодовербата пред средбите со посилните репрезентации.

- Се работи за една од потешките групи во овие квалификации, но низ целиот циклус се носевме ние со повреди и не бевме комплетни. Ние сме селекција која за жал нема голема ширина на играчи, но ете, драго ми е што сме сите тука моментално и се надевам дека низ целата година ќе бидеме здрави. Тоа е и најважно. Доволно се знаеме и сме искусни во оваа репрезентација. Кажав доста пати дека сите ривали се исклучително квалитетни репрезентации, тука се фаворитите за европската титула Ангилја и Италија, исто така и Украина која располага со одлични резултати. Одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари, изјави Ристовски.

Натпреварот ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

притисни ентер