Милошоски: Во одбраната ќе ја користиме силата на аргументите

 Како одбрана спремни сме да ги користиме силата на аргументите и сите други потребни докази за да ја увериме и јавноста, дека се работи за правно неоснован и политички мотивиран предмет, изјави Антонио Милошоски, по денешното рочиште за Моќник.

Во врска случајот, во кој е трето обвинет, Милошоски рече дека ги известил мисијата на ОБСЕ и мисијата на ЕУ да го следат целиот случај од почеток до крај, за како што посочи, и тие да се уверат дека се работи за правно неоснован, но за за жал политички мотивиран случај.

– Самото обвинение е компромитирано од две причини. Првото обвинението го има почнато Катица Јанева, поранешна специјална обивнителка. Зборувам за обвинението точно за и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи за која Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87 илјади евра хонорари токму од Катица Јанева и СЈО, изјави Милошоски.

Обвинителниот акт, посочи тој, е паушален арбитререн, политички мотивирна и без издржани докази.

– Не би го коментирал судот, само би го кокментирал Обвинителството и обвинителниот акт. Дел од Обвинителството е под силно влиание на Владата, а самиот обвинителен акт е арбитререн право неиздржан и политички мотивиран, изјави Милошоски.

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

притисни ентер