Милошоски: Продажбата на земјоделско земјиште за едно евро не е во корист на народот

Продажбата на земјоделско земјиште за едно евро е оправдување за расипничкото трошење на Владата, граѓаните не би имале корист, туку олигарсите.

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Датум: 12.05.2021

Милошоски од Могила: Продажбата на земјоделско земјиште за едно евро е оправдување за расипничкото трошење на Владата, граѓаните не би имале корист, туку олигарсите

Почитувани,

Денеска сме тука во општина Могила, ќе направиме посети во општина Новаци, и главно разговараме за потребите и проблемите коишто населението ги чувствува како најактуелни во овој период, а тие се поврзани со инфраструктура, која е значајна и потребна, во овие општини, како и проблеми со образованието и во голем дел проблеми со земјоделието, потешките услови за работа и ненавременото исплаќање на субвенции.

Овие разговори ни се важни затоа што по нив можеме во Собранието да упатиме пратенички прашања и иницијативи за кои се надеваме дека ќе ја примораат власта да биде по ажурна и да обрне поголемо внимание на граѓаните од овој крај којшто сметаме дека се заборавени и не го добиваат заслуженото.

Според ВМРО-ДПМНЕ да се продава државно земјоделско земјиште за едно евро не е добар, во тој случај само одредени олигарси би рекол коишто имаат црни фондови на средства би го искористиле тоа да ги легализираат и да станат големи земјопоседници, но народот и државата во целина не би имале корист и ние сме против такво решение.

Има многу други начини како да се помогне на земјоделието, како подомаќински да се стопанисува со Буџетот, наместо да се распродава државното земјиште за да се оправда ова расипничко трошење на државниот Буџет коешто власта го прави.

Милошоски: Наместо Царовска да промовира ароганција, мора да ги слушне аргументите на родителите по однос на законот за учебници и истите да бидат вметнати во законското решение

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Могила кој е неговиот коментар во однос на најавените протести на родителите, а со поддршка и од средношколската унија и средношколскиот глас против лошите реформи во образованието, рече дека самиот закон за учебници и друг наставен материја е донесен на нетранспарентен начин, како и дека доколку се сака да се прифати самиот закон потребна е поширока дебата.

Нашиот став како став на ВМРО-ДПМНЕ е дека законот за учебници и друг наставен материјал на нетранспарентен начин е сработен од Владата и министерката Царовска. Овој закон доколку сакаат да биде пошироко прифатен, треба да биде закон за кој што ќе има јавна дебата од која што Владата бега. Ние гледаме две страни. Едната страна е министерката Царовска која што промовира ароганција во овој предлог закон, а другата страна се родителите и учениците кои предлагаат аргументи. Сакаме да порачаме дека е време во законските решенија кои што се однесуваат на учениците, да им се даде можност на родителите да ги изложат своите аргументи и истите да бидат вградени во законот. Не може ароганцијата на министерката да биде поважна од аргументите на родителите. Се надеваме дека аргументите на родителите ќе бидат сослушани и дека на крајот тие ќе бидат вградени во било кое идно законско решение што се однесува на сите ученици, истакна Милошоски.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер