Милошоски: Наместо да ја рекламира Македонија надвор, МНР го рекламира министерот во Македонија

​Сакам да потенцирам дека користење на институцијата МНР и нејзиниот углед за евтини реклами од страна на министерот Османи, преставува злоупотреба на институцијата, вели Милошоски.

Она кое законски го има надлежност министерството да ја промовира државата надвор од своите граници во економска, политичка, трговска и културна област, сега МНР е претворено во институција којашто го рекламира министерот дома во рамките на државата, а најмногу во Чаир каде има добиено партиска задача да помирува фракции во неговата матична партија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“.

Милошоски како таква евтина реклама го наведе примерот кога Османи се пофали пред медиуми со набавени тротинети, нешто што е крајно несериозно и злоупотребено од министерот за сопствена кампања.

- Имам забележано несериозно однесување од министерот за надворешни работи и бев запрепастен на колку евтина ЕПП програма е сведено МНР. Тоа беше во јули 2021 година кога беа повикани медиуми пред министерството за да им биде кажано дека набавиле 5 електрични тротинети и 6 кациги. И тоа беше настан на денот со изјава на министерот и дека министерството влегува во еколошка дипломатија и дека ќе бидат користени од дипломатите за одење по други институции. Ваква несериозна евтина ЕПП програма немаат направено ни градоначалници на Охрид и Крушево кои се туристички градови и би можело да се вклопи некако една ваква кампања, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека друг пример за дневни кампањи без реални резултати се најавените економски оператори кои отидоа само во 4 земји и од кои немам никаков фидбек што сработиле, колку инвеститори донеле, како и дека несериозно е што нема во најважните стратешки партнери од каде треба да се привлекуваат инвестиции.

- Министерот за надворешни работ излезе на прес конференција сериозен максимално, спремен за фотографирање и за пред камери и кажа дека МНР започнува нова фаза во развојот и работата а тоа е промоција на економската дипломатија, воведување на економски советници со анализа и проценка која ќе ги покрие сите географски области и земји каде Македонија има интерес. На крајот се тресеше гората, а се случија 2-3 прес конференции и се испратија 4 советници, во Варшава, Минхен, Истанбул и Абу Даби. И нема никаков фидбек колку Македонија привлекла инвестиции од Полска, колку од арапскиот свет? Зошто нема такви економски советници во скандинавските земји, зошто нема во Србија, Италија, Хрватска, Бугарија, Грција, Словенија, Америка, Канада, земји од каде што претходната влада привлекла сериозен број на инвестиции и би можела ако се следи тој пример да доведеме уште неколку позначајни инвестиции, нагласи Милошоски.

Милошоски потенцира дека МНР наместо да ја рекламира Македонија надвор од светот, го рекламира министерот во Македонија, а на стопански план МНР е најслабата алка, како и дека е оценето како министерство со најмала транспарентност што значи дека или нема кадар или раководството има податоци кои не сака да ги сподели.

Ѓорчев: Офанзивната реторика на бугарската држава е поради тоа што таа увиде дека македонската дипломатија е неорганизирана и не се грижи за Македонците во Бугарија

„Согласно Уставот на Република Македонија македонската дипломатија е структуирана од централната точка МНР и ДКП како традиционална или класична демократија која моја да почива на принципите на меритократија, правичност и дипломатски кариерни дипломати. Но од друга страна и да вклучува во дипломатијата луѓе кои со својот опус научен, интелектуален и културен се докажани во македонското општество и можат да го зголемат фаворитното милје на македонската дипломатија“, рече поранешниот Амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев на денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“.

Тој посочи дека главните причини се тоа што не постои систем во министерството за надворешни работи. Тоа се должи на тоа што секоја посебна одделна политичка гарнитура во Македонската држава се однесува наместо кон дипломатската професија не како стална дипломатија туку како ад-хок дипломатија односно од случај до случај.

„Одраз на ставот на оваа политичка гарнитура е дека македонската нација завршува со границите на македонската држава. Тоа е нешто што е неприфатливо во контекст на она што претставува Балканска географија и развојот на народите на балканскиот полуостров кој секогаш бил мултиетнички. Невозможно е сите други народи од соседството да имаат народи во Македонија, а само ние како Република Македонија да немаме право да говориме за нашите малцинства во Грција и Бугарија“, кажа Ѓорчев.

Ѓорчев е дециден дека како држава должни сме да ги браниме човековите права на Македонците во пиринскиот крај во Бугарија.

„Ние како држава покажавме огромна слабост и една од причините за една ваква офанзивна реторика на бугарската држава е тоа е искусна дипломатија и тие разбраа дека имаат работа со една неорганизирана дипломатија која ни малку не се грижи што се случува со Македонците во Бугарија и од година во година нивниот број се намалува“, изјави Ѓорчев.

Дабиќ: Масовно вработување партиски кадри и нивно унапредување

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше и амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат Зоран Дабиќ кој зборуваше за шемата по која во МНР се прават унапредувања на поединци без никаква законска основа и за тоа како тие како синдикат се справуваат со оваа негативна појава.

Тој потенцираше дека последните 7-8 години би можеле да се поделат во два периоди, односно дека во првиот период се вршеше масовно вработување на партиски кадри, а во вториот се врши унапредување на истите тие кадри.

„Справувањето оди многу тешко бидејќи директна комуникација практично и немаме со раководството, тоа е нивен став. Можеби еднаш неделно во овие четири години ние укажуваме секојпат на нешто, бараме да бидеме партнери, бараме да соработуваме, но комуникација од нивна страна нема. Она што во врска со вашето прашање би можел да го констатирам е дека последните 7-8 години би ги поделил на два периода. Првиот период е на масовно впумпување на партиски кадри во МНР, а вториот период, последните неколку години, масовно унапредување на истите тие кадри. Дури кко синдикат утврдивме одредени параметри и начини како тоа се прави и е многу едноставно. Во минатото имавме неколку национални координатори за одредени области, но сега има неколку десетици позиции на национални координатори кои веројатно се користат пред се за унапредување“, истакна Дабиќ.

Тој исто така ја објасни и шемата која се злоупотребува за брзо унапредување на одредени лица во МНР, иако во дипломатијата исто како во војската треба да има периоди од кариерата во која се стекнува одреден чин.

„Системот е едноставен. На одреденото лице кое сакате да го унапредите му давате функција национален координатор за некоја област и автоматски поради титулата добива едно звање, унапредување и после три месеци таа титула му се одзема и се дава на друг за да иде истиот систем, а него по дискреционо право му се дава второто звање. Дискреционото право е нешто што по исклучок треба да се прави, меѓутоа се користи во овој врзан систем за двојни унапредувања. И така имате ситуации во кои буквално за една година од низок ранг дипломати добивате среден ранг дипломати, или пак други дипломати од среден ранг во највисок ранг дипломати, иако во дипломатијата исто како во војската има периоди за секој во војска чин или за секое звање, три четири години мора да бидете поручник, па мајор, па капетан. Овој е само еден од начините како тоа правило се заобиколува“, појасни Дабиќ.

Дабиќ исто така збореше и за претседавањето со ОБСЕ кое според него треба да се искористи за меѓу приоритетите да има и теми за национална промоција, но за жал тоа не се прави и се губи голема шанса која нема да се повтори.

„Претседавањето со ОБСЕ е значајна работа, но не и до тие димензии кои се проектираа во јавноста од нашето раководство. Тоа е можност за некоја земја да даде, на два фронта би рекол, придонес на глобалните светски трендови и тука секако би биле по влијателн поголемите земји, но и да се искористи претседавањето за промоција на некои свои национални приоритети, но тоа еве третиот месец изминува и гледаме дека не се случува. Ние како синдикат и како дипломати поединци во разни прилики укажувавме дека при формулирање на приоритетите, а секое претседавање има обично 5-6 приоритети, би било добро да се опфати и тема, не директно како наш проблем, туку како поширок проблем еве на пример нашето закочување од страна на Бугарија. Да се отвори тема и да се даде придонес за подлабоко разгледување на состојбите со малцинствата што е впрочем и една од функциите на ОБСЕ. Третата димензија, човековата димензија е директно врзана со тоа. Јас колегијално имам сознанија дека тоа нема да се случи, што ми е многу жал бидејќи пропуштаме една голема шанса, особено имајќи предвид дека оваа шанса нема да се повтори“, додаде Дабиќ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер