Милион заболени во Африка , во Сомалија ги горат телата за заштита од корона

Јужноафриканската Република има повеќе од половина милион потврдени случаи на ковид -19, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Речиси еден милион луѓе се заразени низ цела Африка.

„Јужна Африка денес ја премина границата од половина милион со вкупно 503.290 потврдени случаи на ковид- 19“, рече министерот за здравство Звели Мекизе.

Повеќе од третина од случаите се пријавени во провинцијата Гаутенг, каде што се сместени Јоханесбург и Преторија, економски и административни центри на земјата.

Министерот додаде дека, иако Јужноафриканската Република е петта земја во светот во однос на бројот на заразени, таа е на 36-то место по бројот на починати во однос на бројот на жители.

Стапката на смртност е мала, 1,6 проценти, според Министерството за здравство.

Јужноафриканската Република е петта земја во светот најтешко погодена од пандемијата во однос на бројот на потврдени случаи. Таа самата регистрира повеќе од половина од случаите од целиот африкански континент.

Бројот на починати надмина 8.150, но експертите веруваат дека е многу повисок отколку што е соопштено, засновано на мислењето дека земјата регистрира скоро 60 проценти повеќе природни смртни случаи во последните недели.

Според официјалните проекции, помеѓу 40.000 и 50.000 луѓе би можеле да умрат од вирусот до крајот на годината.

На крајот на март, Јужна Африка воведе скоро најстроги мерки во светот и потоа ги попушти. Поради новиот раст на инфекцијата, училиштата повторно беа затворени по еден месец и беше воведен ноќен полициски час.

Пандемијата на „ковид- 19“, која првично беше побавна во Африка отколку во другите региони во светот, сега забрзува на континентот каде системите во јавно здравство се слаби, што е причина за загриженост на Светската здравствена организација.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер