Милевски: Пописот не е политика туку потреба

​Сите сме свесни дека простор за одложување на пописот нема и сите треба да покажеме максимална посветеност и одговорност оваа статистичка операција да се спроведе согласно стандардите на Еуростат, затоа што само така податоците ќе ни бидат од корист.

И покрај обидите за политизација на пописот уште пред да започне, секој добронамерник и одговорен граѓанин на оваа држава има обврска да го почитува законот и да овозможи пописот да се спроведе на најдобар можен начин, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски на средбата што се одржа со градоначалниците во Собранието организирана од страна на Државен завод за статистика, наменета за Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021.

Според него согласно Законот, на единиците на локалната самоуправа им е дадена голема одговорност: обезбедување на простории за работа на комисиите на пописните реони, предлагање на членовите на пописните комисиите, а претседатели на комисиите ќе бидат секретарите на општините каде што е седиштето на пописниот реон.

- Пред сите нас е огромна одговорност, затоа што како носители на високи јавни функции сме исклучително свесни што значи за една држава да нема спроведено попис 19 години. Да обезбедиме пристап до јавните услуги-здравство, образование, социјална заштита, за сите граѓани, да го планираме развојот и изградбата на комуналната и на социјалната инфраструктура согласно потребите, патишта, водоводи, училишта, детски градинки. Да создадеме услови бизнис заедницата да може да ги донесува одлуките врз основа на реални податоци за расположливите ресурси, порача Милевски.

Тој појасни дека во текот на минатата година министерството за локална самоуправа ја подготвуваше Стратегијата за регионален развој, која сега е во собраниска процедура, а во подготовката на документот беа вклучени експерти од сите клучни области, сите министерства кои што спроведуваат развојни програми, сите градоначалници како членови на Советите на планските региони, Центрите за развој и други надлежни институции. Биле направени темелни секторски анализи за мапирање на состојбите и за изведување на проекции за наредните 10 години. Главен и единствен проблем била релевантноста на статистичките податоци, кои се стари речиси 20 години. Според него за овој документ немало време да се чека пописот, а и тоа би значело неколку годишно стагнирање на развојот на планските региони и на општините, а новата Стратегија е услов за подготовка на регионални развојни Програми и проекти од планските региони и од општините кои што се финансиираат со средства од Буџетот.

-Без овие документи овие средства ќе останат нереализирани со што губиме сите, а најмногу граѓаните. Компромисот беше да обезбедиме континуитет со подготовка на Стратегијата врз основа на податоците со кои што располагаме, а по пописот целосно да ја ажурираме. Го направивме тоа што моравме, затоа што имаме одговорности кои што произлегуваат од закон. Имаме одговорности и пред Европската Унија и донаторската заедница во користењето на нивните средства. Никој не ви дава да трошите средства ако преку прецизни индикатори не ја прикажете моменталната состојба и резултатот кој што сте се обврзале да го постигнете. И се доведуваме во ситуација да се објаснуваме и да бараме одложување, а главен аргумент ни е пописот за кој сме се обврзале дека ќе го спроведеме оваа година, појасни Милевски.

Тој порача дека е нужно што поскоро, преку успешно спроведен попис, државата да обезбеди објективни и целосни статистички податоци врз основа на кои што ќе го планира сопствениот развој и развојот на општините и на планските региони, а државата да има квалитетни податоци за поголема апсорбција на средства од ИПА инструментот на ЕУ и од други донатори.

- Треба да покажеме дека сме организирана држава која што може да спроведе попис и да обезбеди бази на податоци без кои што не можеме да зборуваме за интеграција во Европската Унија, без кои не можеме да креираме одговорни политики како земја членка на НАТО. На секој разумен човек му е јасно дека натамошното одложување би било крајно неодговорно, а штетата огромна и ненадоместлива и за државата и за граѓаните. Ние не смееме да си го дозволиме тоа. Не ни е целта да се пребројуваме, туку да знаеме точно кој е потенцијалот на оваа држава, за да можеме да донесуваме рационални одлуки во интерес на сите граѓани, рече Милевски.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер