Милевски најави формирање на економски совет во Општина Битола

Кандидатот за градоначалник од коалицијата Одлучно, Горан Милевски најави формирање на економски совет во Општина Битола. 

Тој посочи дека идејата е заедничка желба на битолските стопанственици, и се совпаѓа со неговите програмски цели.

-Денеска остварив средба со стопанственици од најразлични сектори, и со нив разговаравме за проблемите кои ги има приватниот сектор. Приватниците, ги истакнаа проблемите кои се однесуваат на нивната работа и понудија неколку решенија и искажаа подготвеност активно да се вклучат во процесот на наоѓање на решенија, додаде Милевски.

Подготвен сум, рече Милевски, да формираме Економски совет, кој ќе помага во работата, и тоа нема да биде тело кое еднаш и два пати ќе се среќава во четири години, напротив ќе одржуваме редовни средби, со цел да се изнајдуваат најдобрите решенија.

Тој напомена дека секоја област треба да се препушти на професионалците и нивните концепти и идеи за развој на градот мора да се почитуваат.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Полските пратеници почнаа дебата за реформирање на Уставниот трибунал, откако претходната влада ги смени функциите на институцијата.

Критичарите на минатите реформи тврдат дека тие ја поткопале независноста на судството. Новите реформи се услов кој го постави ЕУ да добие милијарди евра од европските фондови.

Брисел одлучи да ги ослободи блокираните средства, иако владата на проевропскиот премиер Доналд Туск не ги заврши потребните реформи.

Уставниот трибунал беше клучна тема по прашањето за судската власт за претходната Влада на партијата „Право и правда“. Функцијата на овој суд е да одлучува за законитоста на донесените закони. /МИА

притисни ентер