Миле Талевски на состанок со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Шефот на Делегацијата на Собранието во ИПС на Православието, Миле Талевски на состанок со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

На покана на Генералниот секретар на Интерпарламентарното Собрание на Православието (ИПС на Православието), шефот на Делегацијата на Собранието во ИПС на Православието, пратеникот Миле Талевски, вчера присуствуваше на состанокот со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Истанбул.

На средбата, информираат од Собранието, се разговараше за предизвиците со кои се соочува денешнината, споменувајќи ја агресијата на Русија врз Украина, конфликт кој покрај тоа што има силно геополитичко влијание, претставува конфликт меѓу два народа со православна вероисповед. Беше нагласена потребата да се промовира заедништвото, толеранцијата и соживотот, бидејќи поделбите не прават послаби и го уназадуваат човештвото.

Се разговараше и за одбележувањето на 1700 години од одржувањето на Првиот Вселенски собор одржан во Никеја, денешен Изник, Туркије. Првиот вселенски собор се одржал во 325 година, бил свикан од Светиот цар Константин Велики и е првиот Вселенски собор на Христијанската Црква.

Состанокот со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј се одржува во соработка со координативниот Комитет од Иницијативата „Велигден Заедно 2025“, каде што членува и ИПС на Православието. На средбата, пред Вселенскиот Патријарх Вартоломеј беше претставен и новиот претседател на Генералното Собрание на ИПС на Православието Јоан Вулпеску, кој е пратеник во Парламентот на Романија. Дел од Делегацијата на ИПС на Православието беа и пратеници од парламентите на Грција, Кипар и Србија кои исто така се дел од ИПС на Православието.

На состанокот му претходеше литургија за празникот на Воздвижение на Светиот крст во црквата „Свети Георгиј Победоносец“, во Фанар, Истанбул која ја служеше Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Во ЗОО Скопје почина лавот Жика на 16-годишна возраст

Зоолошката градина соопшти дека починал лавот Жика на 16-годишна возраст.

Како што се наведува во објавата на Фејсбук, лавот изминатата година имал тумороидни израстоци по што во февруари му биле извршени хируршки интервенции но изминатите два дена неговата состојба се влошила.

- Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа. Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас, стои во објавата на Фејсбук.

Жика беше дојден од Зоолошката градина во Белград.

Билетите за последниот меч на Надал достигнаа неверојатна цена

Цените на билетите за потенцијалниот последен меч во кариерата на Рафаел Надал достигнаа неверојатна цена на црниот пазар, откако се појавија информации дека се распродадени за рекордно време.

Последниот турнир на Надал е Дејвис купот во Малага, каде Шпанија ќе игра со Холандија - додека се споменува дека Рафа би можел да игра во двојки со Карлос Алкараз, објави Телеграф.

Билетите за финалето се исто така распродадени, а побарувачката за нив на сајтовите за препродажба на билети е веќе во тек. Само, за тоа е потребно да се издвои голема сума пари. Две места до теренот за четвртфиналето Шпанија - Холандија се нудат за дури 15.500 долари, а за финалето дури 32.200 долари.

Надал ќе учествува на егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија каде ќе биде присутен и Новак Ѓоковиќ, додека на споменатиот Дејвис куп ќе ја заврши својата блескава кариера во која освои 22 Грен слем титули од кои 14 на Ролан Гарос.

Финалето на Дејвис купот ќе се одржи од 19 до 24 ноември, а да потсетиме, Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на планетата, го најави своето пристигнување во Малага за збогувањето на Рафа.

- Ти посакувам најдобро можно збогување во Малага со шпанскиот тим во Дејвис купот. Лично ќе бидам таму за да оддадам почит на твојата неверојатна кариера - изјави Ноле.

Турција бара воведување санкции против Израел

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека времето за дипломатија е завршено и дека треба да се воведат санкции кон Израел.

-Ги преминавме границите на зборовите, дипломатијата, политиката, стигнавме до крајот, ни требаат други инструменти, рече Фидан на конференцијата за иднината на Палестина во Анкара.

Турскиот министер додаде дека меѓународната заедница треба да преземе правни мерки, да го бојкотира Израел, кој повеќе не смее да добива никаква поддршка на ниту едно поле.

-Во спротивно, Израел ќе продолжи со геноцидот и масакрите во Газа, бидејќи во моментов не ја плаќа економската, политичката или воената цена, додаде турскиот министер, кој за време на конференцијата изрази загриженост дека меѓународното внимание ќе биде „одвлечено од Газа“ и би биле насочени кон израелските напади врз Либан.

Според него, и оние кои го поддржуваат Израел мора да платат цена, за да сфатат дека има граници на тоа што го прават.

Турција пролетта ги прекина најголем дел од своите економски врски со Израел, но дел од опозицијата ја обвинува дека продолжува да ја снабдува земјата со нафта во име на претходните договори.

притисни ентер