Миле Левков од ВМРО-ДПМНЕ објави видео во живо на „затворени“ претеници во Собранието

Од видеото кое пратеникот го објави на Фејсбук се гледа како претседателот на Собранието Талат Џафери не им дозволува на дел од опозициските пратеници да излезат.

„Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!“, стои во објавата на Лефков.

Жерар Пике барал да се одложи натпревар со шпанската репрезентација поради концерт на Шакира

Шпанската фудбалска јавност деновиве е окупирана со два интересни случаи по приватна преписка.

Најпрво се објавени аудио снимките од разговорот помеѓу тогашниот стопер на Реал Мадрид, Серхио Рамос и претседателот на Федерацијата Луис Рубиалес од 2020 година, во кои Рамос го повикува да ги искористи своите врски и да даде сѐ од себе за да потврди дека „Златната топка“ не се откажува.

Иако фудбалскиот свет во 2020 година речиси едногласно одлучи дека Роберт Левандовски е најоштетен од откажувањето на наградата „Златната топка“, Рамос верува дека и тој имал шанса да го освои престижниот трофеј, па му порачал на Рубиалес дека не бара само за себе, но и за доброто на шпанскиот фудбал.

Сега во јавноста протекоа и разговорите на Рубиалес со уште еден познат стопер, Жерар Пике. Всушност, во 2019 година, долгогодишниот столб на одбраната на Барселона побара од Рубиалес да го одложи пријателскиот натпревар со Романија неколку дена пред да се одржи, бидејќи неговата тогашна девојка Шакира истиот ден настапувала на отворањето на Дејвис купот во Мадрид.

Рубиалес ветил дека ќе направи што може, но на крајот натпреварот не бил одложен и одигран во првично предвидениот термин. Шпанија победила, но Жерар Пике не се запишал на листата на стрелци на натпреварот.

Украина до Турција: Задржете го рускиот брод со нашето украдено жито и уапсете го екипажот

Украина вчера побара од Турција да го заплени товарниот брод со руско знаме Жибек Џоли, кој превезувал украинско жито запленето од окупираното пристаниште Бердјанск, и да го уапси неговиот екипаж.

Официјален претставник на украинското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од Украинската поморска управа, соопшти дека бродот Жибек Џоли превезувал приближно 4.500 тони жито, натоварено во Бердјанск, за кое службеникот тврди дека ѝ припаѓа на Украина.

Во одвоено писмо до турското Министерство за правда, украинското државно обвинителство на 30 јуни соопшти дека Жибек Џоли бил вклучен во „нелегалниот извоз на украинско жито“ од Бердјанск, дека неговата дестинација е градот Карасу во Турција и дека превезувал 7.000 тони товар, што е поголема бројка од онаа наведена од службеното лице.

Турското Министерство за надворешни работи не било веднаш достапно за коментар во врска со доаѓањето на бродот.

Од казахстанската транспортна компанија КТЗ Експрес потврдиле дека Жибек Џоли е во нивна сопственост, но велат дека е ангажиран од руската компанија Грин Лајн, која не е на ниту една листа за санкции.

Украина ја обвинува Русија дека краде жито од областите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата на крајот на февруари.

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата.

Исто така го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет кои за нас немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет, се наведува во соопштението од Владата..

притисни ентер