Мијалков нов жител на Охрид, казната затвор за „Империја“ ќе ја издржува во Струга

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков ја промени адресата на живеење.

По ново, тој е жител на Охрид, потврдуваат за Канал 5 од скопскиот Кривичен суд. За промената биле известени од адвокатот на Мијалков, а таа доаѓа пред судот да му даде документ со кој требаше да се јави во затвор, по спогодбата што ја постигна со Обвинителството за три години затвор за случајот „Империја“.

Судот, информацијата од адвокатот, ја проверил и со МВР..

„По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет списите на истиот ќе биде одстапен на надлежност на Основен суд Охрид, како месно надлежен суд за постапување по конкретниот предмет.“- Основен кривичен суд Скопје.

До охридскиот суд, пак сè уште патуваат документите од Скопје. Потоа, судот во Охрид ќе треба да му даде упатен акт на Мијалков, за во затворот во Струга каде се упатуваат осуденици до три години затвор. Тој затвор е од отворен вид и таму може само да се преноќува. Вака претходно направи и бизнисменот Орце Камчев кој за „Империја“ се спогоди со Обвинителството на една година затвор и влезе во струшкиот затвор.

Со Мијалков, во ист ден за „Империја“ се спогоди и бизнисменот Тодор Мирчевски на три години затвор. Скопскиот Кривичен суд за него, пак издаде упатен акт, според кој на 12 август тој ќе треба да се јави во скопскиот истражен затвор во Шутка.

И Мијалков и Мирчевски имаат законска можност да го одложат извршувањето на казните, но засега нема најави за тоа. Тие месецов се спогодија за случајот „Империја“, а Мијалков покрај затворската казна прифати и конфискација тешка речиси 36 милиони евра. Му беа конфискувани и 5,4 милиони евра, бидејќи не можеа да се конфискуваат фирмите каде што тој има удел, меѓу кои и во фирмата газда на хотелот „Мериот“.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер