Мијалков и „Алфите“ ослободени од обвинение за случајот „Тортура“

По две осудителни, прва ослободителна преесуда за екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

Судот го ослободи од обвинение како поттикнувач во случајот Тортура за начинот на апсењето на лидерот на ОМ Љубе Бошковски во 2011, ден по изборите. Ослободени се и припадниците на алфите.

Образложувајќи ја пресудата, судијката Александра Ристеска рече дека повторно останало нејасно за судот како Мијалков го поттикнал суровото и нечовечко постапување кон Бошкоски и како поттикнатите, обвинетите припадници на полициските алфи, го извршиле тоа кривично дело.

-Од сите изведени докази, судот не може со сигурност да ја утврди каузалната поврзаност на одредени поттикнувачки дејствија на обвинетиот Мијалков со конкретните обвинети лица..///Па така самото обвинение во делот на поттикнувањето сторено од обвинетиот Мијалков за судот остана на ниво на претпоставка. – Александра Ристеска – Судија.

Ослободителната пресуда за обвинителот Лапе била очекувана, чија увертира вели, била претходната одлука на судот наместо пресуда да го реотвори случајот во доплнение на доказна постапка... Смета дека има доволно докази за обвинетите да бидат осудени...

-Судот пропушти да ги санкционира сторителите, според мене при состојба на јасни и недвосмислени докази. По добивање на пресудата секако дека ќе вложиме жалба на сите околности. Особено што мислам дека би била испратена една погрешна порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит. – Љубомир Лапе – Обвините.

Случајот Тортура го отвори СЈО по чие згаснување премина во скопското обвинителство. Претходно Мијалков беше осуден во предметите Таргет Тврдина и Трезор за што доби 12 и 8 години казна затвор.

Хрватска: 15 починати 837 нови случаи на ковид -19

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 837 слачиа на зараза со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. 

Од последици предизвикани од коронавирусот во последите 24 часа починале 15 лиц граѓани се водат како активни на корона.

На болничко лекување се 692 пациенти, од нив 99 се вклучени на респиратор.

Фото: Карлеуша во латекс со фатомка на лицето

Ново провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната и атрактивна пејачка повторно со фотографии предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка на фотките позира во скапоцени парчиња од брендот „Долче Габан“ . Парчиња кои според податоците од интернет вредат скоро 400 евра. Долната облека Карлеуша ја надополнила со латекс панталони и ракавици.

За фановите најитересни биле фантомката и бујните гради на пејачката.

Фото: Анонимни убавици со истакнати облини

Убави девојки секојдневно предизвикуваат воздишки на социјалните мрежи.

Овие девојки знаат како да го привлечат вниманието на фановите на социјалните мрежи.

Девојките вообичаено на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои гордо ги истакнуваат своите бујни облини, посебно задниците.

притисни ентер