Мијалков е осуден на 12 години затвор, спроведен е во 60 дневен притвор во Шутка

Донесени првостепените пресуди за Таргет – Тврдина.

12 години затвор за екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, пресуди денеска Кривичниот суд за предметот Таргет – Тврдина..

Екс министерката Јанкуловска доби четири.. Уште осуммина опфатени во предметот добија казна затвор или условни казни...

Со образложение дека никој не е недопирлив поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за предметот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на седумгодишното масовно прислушување и уништување на опремата. Екс шефот на УБК пресудата ја прими мирно и без реакција.

Освен Мијалков, затворска казна од четири години за овој случај доби и екс министерката Гордана Јанкулоска. Поранешните функционери во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција добија по 15 години затвор. За поранешниот шеф на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, пресудија 6 години затвор, а три години затвор за началничката Надица Николиќ која беше обвинета дека учествувала во прислушувањето.

За петмина обвинети, односно за Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски, Силвана Златова, Васко Исакоски и Валентина Симоноски е донесена условна осуда од 2 години.

Овој случај според судиите Владимир Туфегџиќ и Џенета Бегтовиќ бил предизвик за правниот поредок, а обвинетите со прислушувањето имале цел да го контролираат животот во државата.

Овие пресуди се првостепени. Одбраната и обвинителството имаат право на жалба до Апелацониот суд. Обвинителката Ленче Ристоска, по рочиштето изјави дека успеале да докажат оти обвинетите се виновни, додека одбраната на Сашо Мијалков се пожали дека казната е драконска.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени над 4.200 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а со уништувањето на системот за прислушување била причинета штета од 1.4 милиони евра. Оваа сума дел од обвинетите треба да ја надоместат во државната каса.

Пред истражниот затвор во Шутка е Јана Јосифовска.

Познато е кога ќе се одржи доделувањето на Оскарите и кои ѕвезди ќе бидат водители

Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун се само некои од славните личности кои ќе учествуваат како домаќини на 93-тата престижна церемонија на Оскарите.

Церемонијата ќе се емитува во недела, 25 април,известува списанието Пипл.

Заедно со нив, на списокот презентери има и некои други големи имиња од актерската и модната сцена - Ангела Басет, Бонг Јун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Регина Кинг, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја.

На Пит, минатогодишниот добитник на Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога, ќе му се придружат и другите престижни добитници на наградите во 2020 година, Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.

Организаторите на церемонијата на почетокот на овој месец истакнаа дека сакаат оваа година наградата да изгледа повеќе како филм, а помалку како ТВ-емисија.

Продуцентите годинава испратиле писма до номинираните во кои бараат физички да присуствуваат на церемонијата.

Ова значи дека, за разлика од другите церемонии на доделување на награди, како што се БАФТА и Златниот глобус, на 25 април, нема да ја следиме комуникацијата на актерите и презентерите преку Зум.

За оние кои од која било причина нема да можат да присуствуваат на доделувањето на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.

Стоилковски: Снемува вакцини, Заев и Филипче се неспособни да обезбедат нови

Снемува вакцини, а Заев и Филипче се уште се неспособни да набават нови за да продолжи имунизацијата во Македонија, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од досега пристигнатите, Заев и Филипче набавија само 3.000 вакцини. Да не беа донациите немаше ниту лекарите и другиот медицински персонал да се вакциниран. Да не беа донациите, и тие ќе требаа да патуваат да се вакцинираат во Србија, или каде и да им отвореа врата, да се смилуваат врз народот оставен на цедило од Заев и од Филипче. Ете тоа е горката вистина, снемува вакцини, Заев и Филипче се неспособни да обезбедат нови, да не беа донациите, и докторите ќе требаше да патуваат да се вакцинираат во Србија!

Не смее да се заборави колку лаги беа кажани за набавка на вакцините, колку лажни изјави беа споделувани дека има договори за вакцини. А, всушност се било лага, се било трка по провизии.

Вакцинацијата во Македонија задоцни цели четири месеци. А, тоа чини животи. Од први јануари до сега има починато над 1.700 луѓе. Над 1.700 жртви поврзани со корона епидемијата и ненавременото справување со неа. Па колкумина од нив можеби ќе беа спасени ако не се мислело на провизии и не смислувале нови лаги за договори за вакцини? И секој нов загубен живот од вирусот оди на совеста на Заев и на Филипче. Да набавеа вакцини, кога тоа го правеа и земјите од регионот, бројот на починати сигурно немаше да биде толку голем.

И денес, четири месеци и 14 дена подоцна Македонија се уште каска зад регионот и зад светот. Полицискиот час кој што е на сила, и најавите за негово продолжување, немаше да бидат потребни, ако се набавеа вакцини на време.

Лакомоста и пред се неспособноста да се набават вакцини на време, донесе урнисана економија, втора година по ред, илјадници уништени животи, загубени членови на семејства, загубени работни места, загуби и трошоци за лекување, цели две години загуби за Македонија. Не постои толкав буџет што може да ги санира овие загуби.

Нема толкав пи-ар тим што може да биде платен од буџетот за ја покрие оваа нечовечност и лакомост во власта. Останува горката вистина дека Заев и на Филипче среде пандемија бркаа провизии! Нема веќе простор за Заев и за Филипче за манипулација со граѓаните. Нема веќе верба дека Заев и Филипче можат да сторат нешто повеќе. После се, за Заев и за Филипче нема ништо друго освен - одговорност!

Белата куќа: Џил Бајден добро го поднесе медицинскиот зафат

Белата куќа објави дека првата дама Џил Бајден „добро ја поднела медицинската постапка“, за која не се објавени детални информации.

Претседателот Џо Бајден (78) бил денеска наутро со својата 69-годишна сопруга во посета на медицинска установа во Вашингтон.

И двајцата се вратиле во Белата куќа во текот на утрото.

„Првата дама добро ја издржа медицинската постапка и се врати во Белата куќа за да ја продолжи својата нормална програма“, рече нејзината директорка за комуникации, Елизабет Александар.

Белата куќа објави доцна синоќа дека Џил Бајден има закажано термин „за вообичаена медицинска постапка“.

Причините за одење на лекар и деталите не се соопштени.

Џил и Џо Бајден се во брак од 1977 година, а првата дама, која има докторат по науки во образованието, предава на универзитет близу Вашингтон.

притисни ентер