Михајло Маневски не се препознава во ликот на „Дарт Вејдер“

Измените на КЗ нанесоа тетктонски удар на правниот систем во земјава, смета поранешниот министер за правда Михајло Маневски.

Оттаму вели дека се оправдани негативниоте реакции во јавност кои одат во насока дека со намалувањето на казните се промовира неказнивост. Маневски не се препознава во изјавата на премиерот Ковачевски дека претходните казни се од комунистичко време направени од како што рече, Дарт Вејдер на македонското судство. Ставот 5 од членот 353 што сега е избришан, за злоупотреби при јавните набавки, Маневски вели е внесен во КЗ во 2004, за време на владата на Бучковски и тогашната министерка за правда Мери Ѓорѓиевска Младеновска.

-Ја видов таа изјава и не е ништо зачудувачко од она што го изјавува претседателот на Владата господинот Ковачевски. Можам слободно да кажам, можеби ќе звучи и грубо, меѓутоа ретко кога да каже човекот вистина. Затоа што тој се обиде да го брани овој КЗ со забрзување на кривичните постапки. Тој став 5 за злоупотреба во јавните набавки е воведен 2004 година, и сега таа иста власт го измени КЗ со што се нанесува еден многу сериозен удар особено во злоупотребите на јавните набавки.- изјави – Михајло Маневски – Поранешен министер за правда.

Образложението на предлог измените на КЗ кои експресно ја поминаа собраниската процедура во скратена постапка и со европско знаменце, беше дека се носат со цел усогласување со европското законодавство. Маневски смета дека ова образложение не држи посебно во делот на избришаниот став.

-Мислам дека е нанесена една непроценлива и огромна штета. Не можам да сфатам која е и каква е целта, сигурно не е правна туку е политичка цел да се изменат кривичните дела злоупотреба на службената положба, злосторничко здружување и несовесно работење во службата и тие да се применат а другите кривични дела од измените на КЗ да се применат после шест месеци. Зошто? - изјави – Михајло Маневски – Поранешен министер за правда.

Дел од измените на КЗ со кои се намалија казните за злоупотреба на слубената положба, злосторничко здружување и несовесно работење, како и избришаниот став за злоупотреби при постапките за јавни набавки, стапија на сила. Дел од стручната јавност реагираше дека се донесени без нивна консултација, а од ЕК изразија загриженост за тоа како измените ќе се одразат на борбата против корупцијата.

Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница- снимка со 32 милиони прегледи

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

@gender.reveal.tv Breaking my husband’s nose at our gender reveal 🙃🎀 #genderrevealfail #notactuallybroken #18weekspregnant ♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

НБА казни млад кошаркар - на жените им ги покажувал интимните делови на телото

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо (20) е суспендиран на четири натпревари без плата поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА.

Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажувал интимните делови на голем број жени.

„Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА. „Сепак, ваквото однесување не е во согласност со стандардите на лигата и бара казна“, се додава.

Сан Антонио Спарс го раскина договорот со Примо на 31 октомври минатата година, а младиот кошаркар моментално е без клуб. Тој ќе ја одлежи суспензијата доколку потпише договор со друг тим од НБА.

д-р. Хилари Котен, поранешниот терапевт на Примо, првпат се појави со обвинувања против него минатата есен, велејќи дека тој „се изложил во девет одделни прилики“. Бидејќи Спарс не направија ништо, Каутен го тужел клубот, а тужбата била решена надвор од судот.

Примо одиграл вкупно 54 натпревари во дресот на Спарс, а имал просек од 5,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар. Набргу откако бил отпуштен од Спарс, Примо рече дека се бори со своето ментално здравје.

„Побарав помош да се справам со претходната траума што ја претрпев и сега ќе го одвојам ова време за да се фокусирам поцелосно на третманот за моето ментално здравје. Се надевам дека ќе можам да разговарам за овие прашања во иднина за да можам да им помогнам на другите кои претрпеле на сличен начин. Ја ценам приватноста во овој момент“, изјави тој неодамна.

Цените на нафтата надминаа 96 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија над 96 долари на меѓународните берзи, поттикнати од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во Кина за време на празничната сезона.

На лондонската берза цената на барел со датуми на испорака во ноември беше за 88 центи повисока попладне отколку на крајот на вчерашното тргување и изнесувала 96,26 долари. Поактивно се тргувало со барели со датум на испорака во декември, по 97 центи повисока цена од 94,07 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Трговците се фокусираа на знаците на тесна понуда во САД на крајот на неделата. Залихите во резервоарите во Кушинг, од каде се испорачува нафта купена со форвард договори на американскиот пазар, веќе се на најниско ниво од јули минатата година.

„Понатамошниот пад би ги спуштил на критично ниво, што би можело да го отежне нивното извлекување (од резервоарот - op.ed.)“, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк.

Цените се поддржани и од проценките дека побарувачката за гориво во Кина ќе се зајакне за време на седумдневниот одмор што започнува денеска.

„(Зголеменото) патување во странство за време на празникот Златна недела ја поттикнува кинеската побарувачка за нафта“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Се очекува и домашните патувања да ја поддржат побарувачката. Податоците од апликацијата за летови на Umetrip покажуваат дека просечниот број дневни резервирани летови е за петтина поголем отколку за време на Златната недела во периодот пред пандемијата 2019 година.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и ако не паднат цените на домашниот пазар. Цените на рускиот бензин и на дизелот благо паднаа денеска на Меѓународната берза во Санкт Петербург.

Економистите прогнозираат дека барелот во Лондон ќе во просек ќе изнесува 89,85 долари во четвртиот квартал и 86,45 долари во 2024 година.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, пишуваат аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки вчера поскапел за 40 центи на 97,48 долари.

притисни ентер