Летот 6395 од Делхи до Хонг Конг слетал на 4 април и во рок од две недели скоро 50 од патниците биле позитивни на вирусот.
Сите патници на летот, на индиската авиокомпанија Вистара, покажале негативен тест за Ковид-19 во рок од 72 часа - во согласност со барањата за патувања на Хонг Конг.Сепак, според „Индипендент“, тестот по пристигнувањето на патниците открил дека 25 се позитивни, а потоа имало дополнителни 22 случаи во следните 12 дена по пристигнувањето.
Рекордниот број доаѓа откако Индија забележа нагло зголемување на случаите од почетокот на месецот, додека земјата се справува со нов поинфективен сој на вирусот.Зборувајќи за Индипендент, д-р Шарад Авачар од Мумбаи рече: „Она со што се занимаваме тука е катастрофа.
По овој инцидент, од утре Хонг Конг целосно го прекинува авио сообраќајот со Индија.
Велика Британија сега ја додаде Индија на својата „црвена листа“ на земји, што значи дека патувањето во земјата е забрането.