Мигранти бегаат од карантин во Шпанија , денеска исчезнале 59 лица

Педесет и девет мигранти избегале од спортска сала во Шпанија каде биле задржани во карантин, откако било утврдено дека биле во контакт со лица заразени со коронавирусот, јавуваат денеска локалните медиуми.

Властите во југоисточниот шпански регион Мурсија објавија дека на мигрантите им бил пропишан карантин од 14 дена во спортска сала кај градот Картагена, пишува „Ла Вердад“.

По големиот претрес, полицијата досега успеала да пронајде и врати во карантин 15 избегани мигранти.

Тие во поголема група пристигнале во Шпанија со брод минатата недела преку Медитеранот.

Денешниот инцидент е само еден во низата слични во регионот.

Стотици мигранти во средата избегаа од карантинот во пристаништето Картагена, но набргу по бегството скоро сите биле пронајдени и вратени во изолација.

Десетици повредени во Кан во паника поради лажна пукотница (ВИДЕО)

Најмалку 43 лица се повредени поради паника по лажните гласини за пукотници во Кан на Азурниот брег во Франција, а дел од повредените завршија во болницата.

Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува дека луѓето бегаат и се кријат низ градот во паника и полицијата патролира, објави порталот „Еуроњуз“.

Ниеден од повредените не е во критична состојба.

Српска водителка не се збуни и покрај големата бубачка на вратот (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео од водителката на српската Прва ТВ, Роксанда Бабиќ, на кое се гледа дека таа остана потполно мирна, иако огромна бубачка и шеташе по вратот и маицата.

Роксанда на објавите е пофалена од многумина за нејзиниот професионализам за време на програмата во живо, во ситуација кога многумина би изгубиле концентрација и можеби дури и би станале хистерични.

Иако бубачката не се смири ниту за момент и одеше од вратот до нејзината маица, презентерката не трепна.

Некои се убедени дека таа не знаела што се случува, додека други тврдат дека е професионалец.

Германските власти : Се сомневаме во руската вакцина

Германското Министерство за здравство изрази сомнеж во „квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ на вакцината против ковид - 19, што ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема познати податоци за квалитетотот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина“, изјави неименуван портпарол на германското министерство, додавајќи дека „безбедноста на пациентите е еден од приоритетите“ во Европската Унија (ЕУ).

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина во светот против ковид 19 е регистрирана денес во Русија.

Сепак, Русија сè уште не објавила детали за резултатите од тестот за вакцинирање за да ја потврди нејзината ефикасност.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска претпазливо реагираше на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирус, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина.

„Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Предквалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ строги процедури“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, пред новинарите кога го прашаа за вестите од Русија за „првата вакцина“ против коронавирусот.

Портпаролот изјави дека претквалификацијата вклучува преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината, собрани во клиничките испитувања. Јашаревиќ додаде дека постапката е иста за „секој кандидат за вакцина“.

притисни ентер