Миење и дезинфекција пред здрвствените установи во Карпош

Комуналните служби на Општина Карпош утринава миеја и дезинфицираа на паркинг просторот и платото пред Поликлиниката „Букурешт", Итната медицинска помош и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

– Овие здравствени установи се на територија на Карпош и тука секојдневно циркулираат повеќе граѓани. Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за миење и дезинфекција на локални улици, фреквентни места и урбана опрема, како и влезови од згради, информираат од прес-службата на Општина Карпош.

Оттаму ги повикуваат граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирус. 

притисни ентер