Тоа е јавна тајна дека се преговара за влез во владата, и не е нешто кое што нас не изненадува, за тоа се зборува недели наназад. Но, јас сум кажал дека секоја политичка партија има свое автономно и автохтоно одлучување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако денеска медиумите информираат за средба помеѓу Арбен Таравари в.д претседател на Алијанса за Албанците и Димитар Ковачевски за можен влез на Алијанса во влада.
На коментарот дека единствени политички партии во опозицијата ќе останат ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Левица, Мицкоски рече дека ова е доволна порака за граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори, посочувајќи дека тој очекува политиките на владата да бидат девастирани од народот.
Тоа е доволна порака до граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори. Ако го имате СДСМ како малцински фактор во владата кој што се ќе направи за да остане ден повеќе за да може да поминат неколку тендери во четири очи, за да може повеќе да краде, за да може повеќе да се уживаат привилегиите и да се создаваат вакви паразити за кои што објавуваме деновиве, тогаш единствен суверен за да го спречи тоа, покрај ние политичарите во опозицијата, е народот. И на следите парламентарни избори јас очекувам да бидат девастирани политиките на оваа влада предводена од СДСМ, потенцираше тој.
Мицкоски смета дека доколку Алијанса за Албанците стане дел од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш тоа е комплетно политичко скршнување од тезите кои беа кажувани изминатиот период, нагласувајќи дека доколку еден политичар ја обвинува владата дека работи погрешно, коруптивно и криминално, а подоцна стане дел од неа, тогаш тоа значи легитимирање на сите погрешни политики и единствено нешто за кое што сте се грижеле е само да се дограбат до одредена функција и фотелја.
Ако мене ме прашувате за мое мислење за евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во владата, тоа значи едно комплетно политичко скршнување од сите оние тези кои што изминатите години беа кажувани. Суштината е поинаков, ако вие велите дека оваа влада работи погрешно, ако велите дека оваа влада е виновна што многу Албанци ја напуштале државата, ако вие велите дека оваа влада е криминална и коруптивна и дека не ја бидува и потоа влегувате во таа влада значи тогаш дека вие ги легитимирате тие политики, самите за себе признавате дека сте лажеле односно не сте ја говореле вистината и единственото нешто за кое се грижете е да се дограбите на некаква функција и фотелја, изјави Мицкоски.
Мицкоски смета дека ќе преовлада разумот кај Таравари и Алијанса за Албанците, но што и да одлучат за евентуален влез во владата на СДСМ и ДУИ тоа ќе биде нивна одлука.
Јас сепак мислам дека на крај би преовладал разумот кај Таравари и Алијанса на Албанците, но тоа е нивна одлука, дециден е Мицкоски.
Мицкоски: Хидроелектраните се на само 18 посто, не работи уште еден блок во РЕК Битола, а владата набавува екстремно скапа струја
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека од утрово не работи блок 1 во РЕК Битола, и уште поважно и позагрижувачки е тоа што хидроелектраните се на ниво од 18 проценти.
-Еве за вашата програма ексклузивна информација од утрово не работи блок 1 во РЕК Битола, а исто така ексклузивно хидроелектраните се на ниво од 18 проценти. Комплетно е потрошена водата, работиме со еден блок во Битола и тоа е се и нешто ситно во енергетика за затоплување на источниот дел на Скопје кој што се затоплува преку ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, оној делот на Автокоманда, Маџари, Железара, за тој дел на Скопје, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во своето гостување укажа дека и покрај ваквата состојба во енергетиката, владата набавува екстремно скапа струја.
-Знаете какво беше сценариото, на почетокот сценариото беше да работат трите блока во Битола, да работат двата котли, една турбина во Неготино, да работи Осломеј и хидропотенцијалот. Од се ова утрово работи само еден блок, вториот блок во РЕК Битола и хидрото ни е на 18% и сега веќе имаме повторно нова набавка на електрична енергија која што треба да биде од 21 до 27 некаде околу 32 гигаватчаса бараат струја. Среќа во целата несреќа е што времето сеуште некако не е до толку студено. Замислете да паднат температурите под 5 степени, како што ќе паднат, еве ако не сега следната недела ќе паднат веќе декември, јануари, февруари што ќе правиме тогаш? Е, ова е оваа наша влада, додаде Мицкоски.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ