Мицкоски: Во првите 100 дена очекувајте 3 големи мултинационални компании со илјадници нови вработувања кои ќе ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМЕН Христијан Мицкоски пред струмичани вети дека веќе се договорени 3 крупни инвестиции кои во првите 100 дена на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат отпочнати. 

Денеска драги струмичани, почитувани сограѓани ние дојдовме до она во кое што тогаш веруваме. И ако на некому му кажеше дека пред 30 месеци, денеска ние ќе зборуваме за историски, рекордно најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ, малкумина ќе се согласеа. Но, ние денеска сме пред една таква победа, тоа е победа кога победува ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот, кога победува вистината, кога победува Македонија. Македонецот секогаш се обединувал и македонецот секогаш се исправал кога било најтешко и пред многу помоќни и пред многу побројни противници, а не пак пред ово раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, им се обрати тој на струмичани.

Така ќе биде уште рано наутро на 15 јули, во седум часот, колони народ, ширум низ цела Македонија ќе излезат и гласно ќе зборуваат позади гласачкото место. Ќе заокружат број 14. Тоа е она кое што е на крајот на овој наш прв чекор, а тоа е како да се ослободиме од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. А потоа сите заедно да ги засукаме ракавите и макотрпно да работиме за нашата татковина Македонија. Ќе треба да ја обновуваме, драѓи сограѓани, од пепелта во која што ќе ја наследиме, потенцираше Мицкоски.

Можевте да направите горд земјоделец, наместо денеска да ни се случува, како оној човек од Ресен кога ми рече со пила ја сече јаболкницата која род дава со кој род тој семејството го храни. Вели, претседателе нема кој да го купи родот. Родот го истурам во коритото на реката. Можевте да направите подостоинствени оризопроизводители во Кочани и кочанско, лозари во тиквешијата, сливари во Пијанец и малешевијата. Можевте да ја ожнеете Пелагонија, но и таа остана нежнеана. Можевте да бидете подобри и со тутунарите овде, во Струмица, во Конче, во Радовиш, во Прилеп, рече Мицкоски пред струмичани.

Еве јас од Струмица ќе ви ветам дека во првите 6 месеци ќе одговарате. Сите што се огрешиле пред законот дали биле политички определени или не дали биле СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на албанците или било кој што се огрешил пред законот ќе одговара. Нема веќе повластени политички семејства, порача Мицкоски.

Мицкоски на струмичани им пренесе дека денес политичарот треба да биде жртва за својот народ треба да даде жртва како што давале илинденците како што биле Пецев, Белев, Арамов, Топчев, Костуранов, тоа се модерните политичари кои застанаа во редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, жртва за сопствениот народ, заборавете на луксузот, заборавете на привилегиите. Секој кој ќе биде дел од владата на ВМРО- ДПМЕН и ќе има некаква задача исто така ќе мора напамет да ја знае оваа лекција нема веќе луксузи нема веќе привилегии државата треба да се обновува, нема веќе богатење на грбот на народот.

Доаѓаат најдобрите 4 години во Македонија. Доаѓа Обновата за Македонија. Победува Обновата на Македонија, не ја губете надежта. Уште две недели останаа. 360 страници внимателно напишани во нашата програма Обнова за Македонија. Не размислувавме од денес за утре гледавме малку понатаму. Зборувавме за стратегија зборувавме за визија тоа што ни недостасува како држава и како нација, објасни Христијан Мицкоски.

Повеќе од 1000 проекти ќе најдете во нашиот Проект обнова. Ќе имаме за секого. Ќе имаме повисоки плати за 25 проценти од тоа што е денес, ќе имаме повисоки пензии за достоинствен пензионерски живот од 20 проценти. Враќање на старото законско решение. Имаме 1000 километри нови и реконструирани патни правци регионални и локални. Ќе имаме повеќе од 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, ќе имаме повеќе од 640 милиони евра за земјоделците редовни субвенции а не субвенции поради уцена пред избори. Загарантиран откуп со јасна методологија како ќе се спроведе. За младите еден универзитет во првите 1000 во светот, а не сега да тонеме на скалата и децата да ни одат, додаде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Тие ветува само воздух. Рекордери сме во Европа по загаден воздух, затоа во оваа програма ќе најдете 50 посто субвенции за термоенергетски фасади за помали трошоци за затоплување на домовите. Внимателно одбрани реформи во правосудството деноноќно работевме со професорката Силјановска и Каракамишева професорот Наумовски и Спасеновски, Климовски, Тимчо Муцунски, многу познати адвокати и експерти дадоа свој дел во тие предлози кои се во овие 360 страни, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека многу внимателно со академик Кедев, Попов, Јаневска, Николов, ја правевме комисијата за здравство и програмата за здравство. Внимателно ги биравме проектите како да функционира нашиот здравствен систем. Се сеќавате дека ќе градеа клинички центар. Тој што го оставивме не го почнаа, пенали плаќаат. Отворија идеа дека ќе правеле во едена скопска населба но тоа ништо. Порота го префрлија во Ѓорче Петров но и од тоа ништо. Единствено што низ Македонија растат се нивите со марихуана. Ништо повеќе немаме. Тоа се единствените неколку инвестиции кои ги гледаме. И таму не може секој да инвестира, туку само тој што се знае каде треба да плати.

Во нашите 360 страници ќе најдете проекти што ќе ја променат економијата. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, најнизок данок во Европа за привлекување на директни странски инвестиции. Во првите 100 дена очекувајте 3 големи мултинационални компании кои ќе ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, со илјадници нови вработувања. Тие се договорени веќе, вети Мицкоски.

Кога станува збор за национално чувство во овие 360 стани ќе најдете дека нема преговарање во ниедна национална комисија за Гоце Делчев и Македонија. И никој не смее да преговара ниту за Гоце ниту за Даме, ниту за Никола, ниту за Питу, ниту за Тодор. Тие се Македонија. Врз основа на тие луѓе државата ја градевме. А за нашиот мајчин јазик кој се изучува во најмалку 160 универзитети во светот милиметар нема да отстапиме. Тој е наш мајчин македонски за век и векови, порача Мицкоски.

Христијан Мицкоски рече дека со Александар се познаваме уште додека беше претседател на УМС. Заедно се боревме во многу битки, некои од нив ги изгубивме но тоа ќе го поправиме. Тоа е човекот кој на 15 јули ќе победи овде во ИЕ4. Човекот кој ќе му го нанесе историски најголемиот пораз на за Заев токму овде во Струмица. На 15 јули заокружете бројот 14 за Александар Николовски за да ја исправиме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ентони Блинкен е новиот државен секретар на САД

Американскиот Сенат денеска го потврди кандидатот на претседателот Џо Бајден, искусниот дипломат Ентони Блинкен, да биде нов државен секретар.

Од сто пратеници, 78 беа „за“, а 22 „против“. За потврда било потребно просто мнозинство.

Блинкен е долгогодишен соработник на Бајден, кој беше втор човек на Стејт департментот во администрацијата на претседателот Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател.

Минатата недела на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Блинкен повика на „решение за двете држави“ во врска со израелско-палестинскиот конфликт и рече дека Соединетите држави се подготвени да се вратат на договорот со Иран, но тој треба да биде посилен и подолготраен.

Тој, сепак, признава дека „решението со две држави“ не е реално на краток рок, повикувајќи ги Израелците и Палестинците „да избегнат какви било еднострани потези што ќе го направат уште покомплексен“.

Блинкен исто така рече дека поранешниот претседател Доналд Трамп бил во право кога станува збор за неговиот поостар став кон Кина, но не се согласува, рече тој, со стратегијата на Трамп во низа елементи.

„Основниот принцип беше добар“, им рече тој на сенаторите, осврнувајќи се на цврстиот став што го покажала администрацијата во заминување кон Кина.

"Ние мора да се соочиме со Кина од позиција на сила, а не од слабост. Тоа вклучува работа со сојузниците наместо клевети, учество и водење меѓународни институции, не излегување од нив", рече Блинкен.

Кога станува збор за Иран, тој потврди дека владата на Бајден е подготвена да се врати на нуклеарниот договор од кој Трамп ги повлече САД во 2018 година, под услов Техеран да ги почитува своите обврски.

„Но, ние ќе го искористиме ова како почетна точка, со нашите сојузници и партнери кои повторно ќе бидат на иста страна со нас, за да постигнеме посилен и подолготраен договор“, додаде тој.

Таквиот договор би вклучил прашање на нуклеарното оружје, но и други прашања што ги загрижуваат, како што се ракетната програма или регионалната стабилност.

Блинкен посочи дека сегашната ситуација повторно е во криза откако Трамп се повлече од договорот, а Техеран како противмерка започната да ги крши своите обврски.

Запрашан за притворот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални по враќањето во Русија од Германија каде што се лекуваше по обидот за труење, Блинкен рече дека е „неверојатно што рускиот претседател толку се плаши од еден човек“.

„Предизвикот што Русија го поставува пред Соединетите држави ќе биде многу високо на агендата на администрацијата на Џо Бајден“, заклучил тој.

Џим Кери на удар на јавноста поради карикатурата на Меланија Трамп

Актерот Џим Кери е нападнат на социјалните мрежи откако објави карикатура на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп.

"Збогум, најлоша прва дамо. Се надевам дека спогодбата може да го финансира вашиот плиток живот. Ви благодарам за ништо", напиша Џим.

Бројни следбеници го нападнаа затоа што сметаат дека објавата е невкусна и сексистичка.

"Ужасно е да се нападне првата дама која ја заврши својата работа со благодат и достоинство и не доби ништо освен критика од левицата. И срамота е што ниту една жена од левата страна не ја бранеше жената поради овие неосновани напади", "Секогаш мислев дека ти си кул. Сега си премногу одмаздољубив со вакви слики", "Ова е толку сексистичко. Такво лицемерие", "Ова е ниско. Ми се допаѓавте и мислев дека ги инспирирате луѓето", се само некои од коментарите.

Имало и такви кои го бранеле актерот.

„Тој е актер, комичар кој прикажува мажи и жени и ги тера луѓето да се смеат, што значи дека никој не е имун на потсмев“, „Зошто луѓето се однесуваат повредено и изненадено? Зошто толку сериозно?“, „Продолжете да се изразувате преку вашата уметност! ! Ако сакаше да биде прикажана во подобро светло, требаше да се претстави подобро кога беше во центарот на вниманието “, напишале оние кои не гледаат ништо лошо во карикатурата, пишува Page Six.

Западен Балкан е еден од приоритетите на Бајден

Западен Балкан е меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација, било речено во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Според соопштението на Белата куќа, двајцата државници ги посочиле приоритетните теми, вклучувајќи ги Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина, како и Западен Балкан.

„Претседателот Џозеф Бајден разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесувајќи ја неговата желба за продлабочување на односите меѓу двете земји. Тој ја изрази својата намера да го ревитализира трансатлантскиот сојуз, вклучително и НАТО и Европската унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности. “се наведува во соопштението од Белата куќа.

Тие исто така се согласиле за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатералните организации, борбата против климатските промени, борбата против kovid-19 и подобрувањето на здравствената заштита, како и постигнувањето на одржливо глобално економско закрепнување, се наведува во соопштението.

Ова беше петти телефонски разговор на Бајден со странски лидер откако ја положи заклетвата за претседател на САД на 20 јануари.

Претходно, тој разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор од Мексико, премиерот Борис Џонсон од Велика Британија и претседателот Емануел Макрон од Франција, пренесува УС Њус.

притисни ентер