Мицкоски: Во проектот „Обнова" ќе најдете повеќе од 1.000 проекти и четири милијарди инвестиции

Во проектот „Обнова" ќе најдете повеќе од 1.000 проекти. Ќе најдете до 25 проценти зголемена просечна плата во еден мандат, најмалку до 20 проценти повисоки пензии, најмалку 1.000 нови и реконструирани патишта, четири милијарди евра инвестиции.

Ова го порача вечерва од општина Карпош претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нагласи, дека тоа што ги прави поразлични од своите политички противници, е љубовта кон својата држава.

– Ја чувствувам енергијата на промени, дека народот сака овој пат да си ја врати државата, која му беше киднапирана. За тоа да се случи потребно е на 15 јули масовно да излеземе и да го заокружиме редниот број 14, за победничката листа на коалицијата за „Обнова на Македонија", изјави Мицкоски.

Македонскиот народ, нагласи Мицкоски, секогаш се исправувал и победувал и против потешки протовници и пред поголеми предизвици и затоа изрази убедување дека на 15 јули ќе ја покаже таа победничка енергија.

Дефицитот во буџетот е 420 милиони евра, рече Мицкоски, пари потрошени за поткуп на овие избори.

– Но, јас сум непоправлив оптимист и уверен сум дека народот ќе го препознае тоа и ќе му го заврти грбот на Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Се обврзувам, рече тој, дека во првите шест месеци ќе докажеме секој што се огрешил пред народот.

– Ние нема да почнеме со ветинг од судството. Ќе почнеме со ветинг на политичарите. Да видиме кој политичар како се богател и неколкупати го зголемувале сопствениот капитал. Секој да се провери. Јас лично прв се пријавувам да бидам подложен на ветинг, ама потоа ќе продолжиме со сите, изјави Мицкоски.

Носителката од ВМРО-ДПМНЕ на листата во ИЕ 1 Гордана Силјановска Давкова, порача дека по 15 јули треба ставиме крај на уникатниот политички систем, на уникатниот јазичен модел, на уникатната демократија и политичка култура и да си го откриеме, исправиме и возобновиме европското во нас.

– Македонија мора да стане стабилна држава со стабилни институции, наместо со пресилни поедници. Парламентот мора да стане демократска школа и да ја контролира владата, нагласи Силјановска Давкова.

Модерна Европа, посочи Силјановска Давкова е сојуз на држави нации, и затоа само со граѓански брод можеме мирно да пловиме низ европскиот простор.

Во Баварија уапсени двајца руски шпиони

Федералните обвинители уапсија вчера двајца осомничени руски шпиони во Баварија под сомнение дека шпионирале и планирале напади врз воени цели за да ја поткопаат поддршката за Украина, пишува денеска „Еурактив“.

Двајцата мажи се осомничени дека работеле за странска разузнавачка служба во „особено тежок случај“, соопшти обвинителството. Едниот е обвинет и за планирање на напади, пред се против воена инфраструктура и индустриски капацитети во Германија.

- Нашите безбедносни власти спречија можни експлозивни напади за да ја поткопаат нашата воена помош за Украина. Ова е сериозен случај на сомнителна активност на агент на криминалниот режим на Путин, изјави за новинарите министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според обвинителството, главниот обвинет бил во контакт со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година.

Двајцата мажи, исто така, се вели дека извидувале неколку потенцијални цели, вклучително и американски бази, каде што собирале информации поврзани со нападот. /МИА

Словенија: Покрај изборите за ЕП на 9 јуни, можно е да се одржат и три референдум

Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми.

Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија (СДС) и Нова Словенија (НСи) се против.

В петок матичните комисии на Државниот збор ќе подготват уредби за распишување три советодавни референдуми, иако коалицијата се уште не се договорила за датумот на нивното спроведување. Во Движењето за слобода бараат референдуми да се одржат на денот на европските избори.

По процедуралните компликации на вонредната седница на Парламентот во средата, претставниците сепак ги прифатија предлозите за распишување три советодавни референдуми.

Така, гласачите ќе го кажат својот збор на референдумите за регулирање на правото на помош при доброволно завршување на животот, за воведување преференцијално гласање на изборите за Државниот збор и за одгледување, преработка и употреба на канабис.

Датумот на нивното спроведување сè уште не е целосно дефиниран, кој се носи заедно со уредбата за распишување референдум. Иако датумот се уште не е договорен ниту во коалицијата, претставниците веќе в петок во матичните работни тела ќе почнат да ги подготвуваат одлуките за распишување на сите три референдуми.

Во работните материјали за состаноците на матичните комисии на 6 мај се посочува на предлозите за одлуки за распишување на советодавнен референдум и датумот на распишување на референдумот, од кој почнуваат да течат роковите за негово спроведување, а недела, 9 јуни, како ден на гласање./МИА

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

притисни ентер