Мицкоски во посета на ОК Гази Баба: Имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба,  каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски пред присутните истакна дека на власт се измамници кои ги искористија и упропастија сите дадени шанси и можности и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да застане затоа што има задача да ја крене државата од пустошот кој СДСМ го прави секојдневно.

Нема застанување, нема калкулации, имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат и пустошот кој го прави оваа власт со секој поминат ден. Реалноста значи дека имаме работа со луѓе кои се измамници, луѓе кои ги искористија, прокоцкаа сите шанси и сите дадени можности, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека Заев филмски и кинематографски ја најавуваше метлата која требаше да заигра уште првиот ден после вториот круг, но тој првиот ден прво се одмори, а третиот ден после вториот круг го грабна моторот, и заедно со другарите си отиде на неколкудневна прошетка низ Балканот, да си се одмори, па откако се врати изјави метлата ќе заиграла во јуни или за неколку месеци.

Се знае дека нема подобро со оваа власт и дека метлата во која се колнеше премиерот Заев е само уште една проѕирна лага. Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека власта секојдневно ја уништува државата и со својата непринципиелност создава зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите, но за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ е поинакво и негова обврска заедно со народот е да се избори за подобра иднина на Република Македонија и за решавање на проблемите на граѓаните.

,,Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија, нагласи Мицкоски.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер