Мицкоски во Кисела Вода : По победата ќе треба да ги засукаме ракавите да ја обновиме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека коалицијата што тој ја предводи, со поддршка на народот убедливо ќе победи на претстојните парламентарни избори.

Сите заедно да ги засукаме ракавите и да работиме за обнова на Македонија каква што сме наследиле и каква сакаме да им оставиме на идните поколенија.

-Изминатиот период чекоревме полека за да не паднеме, за да не се враќаме неколку чекори наназад и да мора да почнуваме се одново. Меревме, премерувавме носевме одлуки кои можеби секогаш не беа допадливи, но, тоа беа одлуки кои нас не донесоа до крајната цел, а тоа е што побргу да ни се случат предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Сакавме да војуваме, рече, но тоа да биде војна со извесен крај, а тоа е победа.

Кога на човек ќе му се случи нрешто лошо, рече тој, како што на Македонија и се случила оваа власт, не треба да се очајува, туку да се исправи и да продолжи да се бори во она што верува.

– Колку нашиот сон и она во што веруваме е поголемо, повелико, толку искушенијата на тој пат до таа крајна цел се потешки и толку нашата борба е поисправна. Наша цел е онаа Македонија за која сонуваме, онаа Македонија која што ја наследивме и онаа Македонија која што сакаме да им ја оставиме на нашите потомци. Нашата Македонија. Тоа е голема и велика цел. Затоа заедно да се бориме, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Нашата борба, додаде тој, започнува на 15 јули. Имаме многу за обновување, потенцира Мицкоски, ќе треба да ги засукаме ракавите и да ги поправаме грешките на оваа власт за да си ја обновиме Македонија од пепелта која што ќе ни ја остават.

-Треба многу грешки да поправаме за некои ќе треба веднаш да делуваме брзо и одлучни, а за некои можеби ќе треба повеќе време, но важно е да ги засукаме ракавите да се обединиме како што многупати во историјата македонскиот народ се обединувал и се спротивставувал пред многу поброен и помоќен противник од ова раководство на СДСМ.

Пред присутните се обрати и професорката Гордана Силјановска Давкова,носител на ИЕ 1, која е убедена дека граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на овие избори.

Рече дека претходните нпретседателски избори биле само вовед и отвориле порта за она што ќе се случува на претстојните парламентарни избори, а тоа е, потенцира таа, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

-Ќе се согласите дека не само во Македонија, туку и ширум светот сите кои се Македонци од Македонија сега се обединија околу најважните нчетири букви за македонската историја ВМРО и тоа тоа го знаат. Го разбудија вмровскиот код во секој човек ширум светот и сега она што е следно е вториот дел од името на оваа партија – партија за демократско национално единство. Никогаш, рече таа не било попотребно поважно национално единство од денес, истакна таа./МИА

Во Софија повторно демонстрантите со шатори го блокираа сообраќајот

Откако полицијата ги отстрани шаторите од клучните раскрсници во Софија во петокот наутро, група демонстранти синоќа повторно поставиле шатори  и го блокирале сообраќајот на најмалку три места.

Овојпат полицијата не ги отстрани шаторите. Главниот инспектор Красимира Стојадинова од управата за внатрешни работи изутринава изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите. Никој не е приведен во текот на ноќта.

Претседателот Румен Радев прокоментира на Фејсбук дека Владата ја вклучила полицијата во судир со илјадници демонстранти.

„Подготвеноста да се жртвува социјалниот мир во името на политичкиот опстанок е чин на досега невидена политичка ескалација за време на бугарската транзиција. Кризата на бугарската демократија не може да се реши со репресивни и полициски мерки, може само да се продлабочи“, наведе Радев.

Тој смета дека оставките на Владата и на јавниот обвинител ќе бидат првиот чекор кон враќањето на Бугарија во владеењето на правото и демократијата.

24

СДСМ: Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани главен императив на новата Влада предводена од СДСМ

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија.

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани.

Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада.

За две и пол години покажавме дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо. Во следните 4 години ќе покажеме дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

СДСМ

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

притисни ентер