Мицкоски во Илинден : Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја намали невработеноста под 10% и да го намали рамниот данок на 8%

Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ се обрати пред жителите на општина Илинден . 

-За само две и пол години успеавме да срушиме власт која беше ја окупирала и Македонија која што беше ги окупирала во франги на нашата држава, а за помалку од 10 дена од денеска сите ние ќе имаме шанса на 15 јули за каква држава сонуваме и во каква држава сакаме да живееме ние, нашите семејства, нашите потомци но истовремено да ги направиме горди нашите предци за сето она кое што го дале за нашата држава. За помалку од две недели од денеска ние ќе имаме можност дали сакаме на таа наша попатна раскрсница да завртиме лево и да го избереме криминалот, корупцијата или да одиме десно и да ја избереме честа и честитоста. Дали сакаме да избереме лево понижувања, обесправеност или гордост и исправена кичма. Дали сакаме да избереме неколку пати аболирани политичари, луѓе кои се од времето на транзицијата присутни на македонската политичка сцена, потрошени и буквално луѓе од кои не можеш да очекуваш ништо друго освен дополнително да ја парчат и распарчуваат нашата татковина. Или десно тоа се луѓе кои се млади , амбициозни, луѓе мотивирани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното негово обраќање во општина Илинден.

Мицкоски во своето обраќање рече дека е сигурен уште од првата средба од Охрид , а потоа и секаде низ Македонија каде се чувствувала поддршката од народот затоа што народот се ослободил, народот е одлучен и е решителен овие избори на 15 јули да го заокружи реден број 14 за историски најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција За обнова на Македонија.

-Ова раководство на СДСМ ќе дојдат овде, ќе ве погледнат и со раката на срце ќе ја свртат главата на лево или на десно. Ќе слушате за жицата, за семето и така натаму, а она што најмногу ќе го слушате е некоја нова лага. Сега веќе нема 30 000 просечна плата, сега веќе 34 000 денари е просечната плата и ќе дојдат овде пред вас и ќе ја повторуваат таа лага дека можеле. Јас би се согласил дека можеа но, тоа е минато завршено време кое никогаш нема да се повтори затоа што на 15 јули тие ќе заминат заедно со нивното тешко, мачно, политичко мочуриште на темната страна на историјата, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски посочи дека доаѓаат нови луѓе кои се подготвени да си ја кренат Македонија од пепел.

Едно можам да се сложам со нив дека можеа, да можеа да направат многу подостоинствено место за живеење, да можеа да направат многу подобри услови за живот наместо да ги договараат тендерите во четири очи, а се знае после договорот и исплатата следува арачот и се исплаќа на сите вам познатото место во еден ресторан во југоисточна Македонија по принципот евро за батето, евро за нешто друго. Отприлика таква е нивната филозофија на функционирање и таа непроменлива, таа е константа уште од независноста на Македонија, потсети тој.

Мицкоски во своето гостување укажа и на правосудниот систем кој е целосно заробен од власта за да можат да обелат некој дел од минатите нивни владеења.

-И ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев се движеше на повој начин, но за разлика од претходните влади од СДСМ ова ги обедини, ги прошири и надгради сите овие понижувачки и криминални политики од минатото. Овие ги усовршија, буквално докторираа на криминалот и корупцијата, вели Мицкоски.

Тој во своето обраќање посочи дека му се случи да ја вида 30 месеци Пелагонија неожнеана, му се случи да ги види од Росаман оние честити земјоделци луѓето кои и кајсијата и праската по улица ги истурија, слично се случи и во Пијанец и Малешевијата со производството на сливи. Имено Мицкоски кажа и за познатото Муртино каде многу домакини имав можност да ги запознаам и прашам посочиле дека тежок е животот затоа што зелката останала на нивата, доматот, краставицата, пиперката и нема кој да ја купи.

-Затоа ние го нудиме Проектот Обнова. Таму ќе најдете најнизок данок во светот, рамен данок од 8% потоа 0 данок за секој оној кој што ќе вработи лице во 29 години, намелен данок на додаден вредност, намален данок за хотелиерите од 18 на 10%,ослободена студенстка партиципација, стапна на невработеност под 10% во еден 4 годишен мандат и уште многу други проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира во својот четиригодишен мандат за подобар живот и стандарт на сите граѓани, додаде Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Јакимовски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика - Зошто не одговорите на уцените?

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска се обрати од Струмица.

- Секојдневно сме буквално бомбардирани од нови и нови уцени и закани од страна на господинот Османи и од страна на господинот Таравари и заедно и едниот и другиот велат дека тие нема да влезат во Влада со оној што нема да го смени Уставот и нема да прават Влада со оној што нема да поддржи измена на Уставот во којшто претседателот ќе се бира во Парламентот.

Јас не можам да се изначудам зошто нема никаква реакција од кандидатот Доналд Реган, ниту пак од господинот Стево Пендаровски. Ај што тие не реагираат на овие уцени, но уште повеќе не можам да се изначудам како може да нема реакција ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од Мицкоски, ниту од Ковачевски, ниту од СДСМ. Практично се гледа дека водат ноевска политика, односно, главата е ставена во песок и на овие закани и на овие уцени никако не одговараат.

Јас јавно ги прашувам: Ќе се одважите ли некогаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а тоа е одговорот дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада, па кој сака бујрум, кој не сака нека еди надвор?

Ова го очекува македонскиот народ. До кога мислат да го понижуваат токму партиите кои се претставници на македонскиот народ? Буквално го умревме овој народ од разочарувања и буквално главната причина зошто ни се иселуваат младите луѓе од Република Македонија е токму разочараноста од политичките и духовните водачи на нас Македонците во Република Македонија.

Еве јавно кажувам, зошто не излезете да одговорите на овие закани? Зошто господинот Мицкоски цело време се прави дека тој кога ќе дојде на власт, тој ќе го скротел ДУИ. На ваков ли начин ќе го скротите? Што на сите овие закани вие сте ја ставиле главата како ној во песок и цело време ќутите и ништо не одговарате. Во крајна линија, зошто не излезеш да одговориш дека со уцени и со закани не си подготвен да соработуваш, па макар и да не формираш Влада и да го видам тој што ќе формира Влада потоа како ќе му се дигне целиот македонски народ затоа што прифаќа уцени и затоа што со секои нови избори, со секои промени на Уставот, нас Македонците не поткусуруваат како монета и практично ништо не останува ниту од нашиот идентитет, ниту од нашиот јазик, ниту од нашата гордост. Јас морам да прашам, тие велат дека Македонија да била повторно горда.

Кога била Македонија горда? Може да одговорат од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Груевски, или пак во времето на Љупчо Георгиевски, или пак во времето на Бранко Црвенковски?

Јас знам дека тие одговорот го немаат и тоа им е саом обична парола, а јас јасно ќе им кажам: Најгорди бевме з време на Титова Југославија, тогаш бевме многу поголеми Македонци и се чувствувавме горди. Вашиот начин на практицирање на политиката не доведе да бидеме најпонижен народ во Европа и со свиткана кичма, со прекршена кичма, да одиме кон Европа.

И јас сакам јасно да ви покажам дека има граѓани во Република Македонија кои не се согласуваат со овие ваши политики и се подготвени да се спротивстават на сите уцени и закани кои доаѓаат од било кој дел и од било кој политички субјект, без разликадали се работи од внатре од Република Македонија, или пак тоа доаѓа од надвор, истакна Јакимовски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција, јавува EMSC.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на 39 километри јужно од Турхал, на длабочина од осум километри.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори...

Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови... Пред Собранието и во овие вести ја имаме Јана Јосифоска.

Јана за неколку часа почнуваат митинзите на двете најголеми политички партии, партиските лидери веќе ги испратија првите пораки?

притисни ентер