Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се бори и ќе се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани

Пред нас се парламентарни избори, на кои што ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и коалицијата за обнова на Македонија, е пред историски најголема победа која што ќе се случи на 15-ти јули, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, рече, се бори и ќе се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани. Држава која под еден кров ќе ги собере и оние кои се десни и оние кои се леви и во центарот, политички определени и неопределени, и Македонци, Власи, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и сите обесправени, омаловажени, покрадени, потчинети и излажани.

-Ние втора држава немаме. Тука сме се родиле тука сме се радувале, тука сме тагувале. И токму вреди оваа жртва која заедно со нас, која што ние заедно со народот рамо до рамо ја правиме, за да ја победиме оваа тригодишна пандемија предизвикана од СДСМ предводена од Зоран Заев, а потоа да си ги засукаме ракавите и да си ја обновиме државата. Наместо да ја понижуваат нашата Македонија, да и ја виткаат кичмата и да ја парчат и распарчуваат, требаше да направат нешто, но тие ниту можеа ниту сакаа. Не донесоа ниту правда, ниту мир. Но, наместо правда ни донесоа Луј Витон куферче. А наместо мир, донесоа немир во душите на многумина, рече Мицкоски во Радовиш.

По победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија", според Мицкоски, доаѓаат подобри години за државата.

-Ви ветувам дека веднаш после 15-ти јули после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, правда и закон мора да се почитува во целата држава и сите ќе одговарате од прв до последен. Нема пакт со криминалот, порача Мицкоски.

Тој говореше за програмата и проектите на ВМРО-ДПМНЕ, на која, рече, работеле многу професори, доктори, научници, правници како домашни така и странски, и која ќе се спроведува веднаш штом коалицијата за обнова дојде на власт

Александар Николовски како носител на ИЕ 4 кажа дека со давање глас за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните гласаат за проекти и за постојаната битка за државата. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има тим и оти се обврзува и со сигурност ќе ги исполни сите ветени проекти.

-Со гласот на ВМРО-ДПМНЕ бројот 14, листата на ВМРО ДПМНЕ гласате за програмата обнова која што значи 1000 проекти ама не само 1000 проекти на хартија туку силна битка за нивна реализација. Од прв до последен ден од прв до последен проект. Затоа што имаме тим предводен од претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој што ќе го реализира тоа што го ветува„ додаде Николовски повикувајќќи како што рече на голема, референдумска излезност.

Вучиќ: Вакцините за Македонија се пријателски и братски потег

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата изјави дека вакцините за Македонија се пријателски и братски потег и дека Србија може да биде задоволна само ако и соседите се задоволни.

-Разговаравме со Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека треба да му помогнете на некого кога му е тешко, онолку колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. На премиерот Зоран Заев кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека доколку утре Република Српска и Босна иХерцеговина и Албанија побараат вакцини, дека исто така ќе помогне.

Пендаровски со честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, митрополит Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

-Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа. Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов, вели Пендаровски.

-Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! Бог се јави!, стои во честитката од шефот на државата Пендаровски.

Утре без струја дел од Карпош

Без електрична енергија утре ќе останат: корисниците од дел од ул.Копенхагенска, ул.Софиска, ул.Петар Драганов и ул.Стокхолмска, во општина Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 9-12 часот.

притисни ентер