Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада

ВМРО ДПМНЕ изгуби со 10 илјади гласови разлика од коалицијата на СДСМ и БЕСА, но има најголем кредибилитет да формира нова Влада, смета лидерот на партијата Христијан Мицкоски. 

На неговата прва прес конференција по изборите, најавивнатрепартиска анализа на резултатите за да увидат зошто граѓаните се разочарани од ВМРО ДПМНЕ, но и обвини дека исходот е резулутат на предизборни злоупотреби на власта, како и на пребројувањето на гласовите додека системот на Државната изборна комисија е нефункционален. Иако пред изборите неколкупати рече дека доколку изгуби ќе си поднесе оставка, денеска Мицкоски вели бројките покажуваат оти СДСМ е во предност, само поради гласовите на БЕСА.

-ВМРО ДПМНЕ освои и повеќе гласови од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, без Беса во редовите на СДСМ, освои повеќе пратенички мандати. Победивме во 41 општина. Сето ова ни дава за право да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада.Овој резултат е постигнат во тешки околности, со силни притисоци и многубројни нерегуларности. Власта спроведе масовен поткуп. Сајтот на ДИК денес не работи, а добиваме различни информации дека сомнително се броени и внесувани податоцитевели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ нема да соработува со СДСМ за формирање на Влада, а за евентуална коалиција со ДУИ вели дека за него е неприфатливо да падне договор покрај испорачаниот услов за премиер Албанец, дециден е Мицкоски. За принципот на коалиција победник со победник, вели дека е прекршен уште на претходните парламентарни избори.

-Преговорите допрва ќе почнат. Сум кажал во минатото ќе кажам и сега дека јас под диктат не работам, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ вели дека информации за постизборна колиција ќе има наскоро, но не откри дали откако беа објавени резултатите, има контактирано со лидерите на помалите партии.

Пет розови фламинга стигнаа на Преспанското Езеро

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

– Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа, информираат од МЕД.

Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.

-Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет, појаснуваат од МЕД.

ВМРО – ДПМНЕ : Македонија со Заев тоне во сиромаштија

Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. 

Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа.

Освен здравствената лошо се менаџира и економската криза. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата.

Поради неспособноста и неодговорноста Заев ја задолжи земјата и за милијарда евра нов долг во рок од само три месеци, а министерката Ангеловска наместо да се грижи за народните пари се грижела само како навреме да ги извлече заштедите од 250 илјади евра од Еуростандард банка.

Се дури Македонија ја води екипата на Заев на која побитно и е личното богатење наместо државата и народот, до тогаш ќе тоне народот во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хали Бери го прослави 54. роденден , се пофали со совршениот изглед (ФОТО)

Хали Бери го прослави својот 54 роденден и ги остави обожавателите без здив со совршениот изглед.

„54, животот е само подобар и подобар“, напиша холивудската актерка покрај фотографијата на која позира на скејтборд.

54....life just gets better and better! 🌈✨

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

За само неколку часа, таа доби повеќе од 400.000 лајкови, како и бројни комплименти, вклучувајќи ја и актерката Октавио Спенсер.

Под фотографијата многумина и честитаа за нејзиниот роденден и се восхитуваа на нејзиниот фантастичен изглед.

Пред неколку дена, Бери, исто така, објави фотографија од плажа во бикини, за која што доби илјадници комплименти.

Never been a shady beach. 😂

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

притисни ентер