Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Оваа вонредна состојба и оваа епидемија не е политика, не е политички натпревар, не е анкети, не е избори и не е партиски интерес, рече на прес конференција , претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски..

Оваа епидемија е загрозување на здравјето и животите на граѓаните, нивната сигурност и нивната економска и социјална егзистенција.

Политиката сега не е цел сама за себе, политиката сега мора да има само две цели: спасување животи и економска шанса за преживување од кризата.

И тука можам да кажам дека жалам за тесноградоста на Владата спрема укажувањата на стручната јавност и нашите апели. Во делот на здравството сите гледаме што се случува, нема да анализирам бројки, туку замолувам да тестираат многу, многу повеќе луѓе. Експертите велат дека така ќе спасиме повеќе животи.

Во делот на економијата, каде што со право се чувствуваме поискусни, со експертиза од претходни успешни економски политики и третирање на економски кризи, но и со човечкиот капацитет кој го имаме во нашата партија, сакам да и порачам на Владата: доста со политика и инает. Престанете со политика и не правете политика од се и сешто.

Ве молам послушајте што ние, професорите, синдикатите и коморите ви говориме.

Веќе кажавме дека досегашните мерки на Владата се задоцнети, нецелосни, нефер спрема сите компании и граѓани, во одредена мера збунувачки и нема да го дадат посакуваниот, а и возможен ефект.

Пред неколку денови сам се понудив да појдам во Владата и да ја дадам нашата стручна анализа и нашите предлози. И ќе ви кажам зошто ова го понудив затоа што гледам дека и треба помош на власта и гледам дека не само што има недостаток на искрена волја, туку тие и не ги разбираат работите што треба да ги преземат за да ја спасат економијата.

Навистина жалам што никој не најде доволно одговорност кај себе за да ја потисне непотребната политичка ароганција и да сослуша што ние предлагаме. А, знаеме повеќе, имаме повеќе луѓе од оваа област и имаме далеку поуспешно искуство од сите други. И ова не е време на суети.

Токму затоа пред неколку дена најавивме дека ќе поднесеме уредба со законска сила со која ќе овозможиме компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно највеќе до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година. И оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај. И ваквите предлози се она што ние можеме да го направиме во овој момент од позиција на опозиција во државата. Да се понудиме искрено да ја подадеме нашата рака.

Но воедно чувствувам и должност да соопштам дека иако уредбата беше прописно доставена преку нашиот министер, технички министер за внатрешни работи г. Наќе Чулев. Техничкиот премиер Оливер Спасовски не ни дозволил да биде ставена на дневен ред на влада за да биде разгледана и да се отвори дискусија за истата. Со тоа владата ги лишува од директна помош компаниите и вработените за субвенција до 50 проценти за бруто плата по вработен или парична помош најмногу до 27 илјади денари по вработен. Со тоа директно за месеците март, април и мај во стопанството државата ќе инјектираше повеќе од 350 милиони евра.

Уште еднаш повикувам на трезвеност и да се прифати оваа мерка која сама по себе нема да биде доволна свесни сме за тоа, но во значителна мерка ќе помогне. Во тој контекст сметам дека е исклучително важно во овој момент да се преземат неколку работи. И тоа:

Првата која што ја говориме и ја повторуваме веќе извесен период, а тоа е средствата кои што работодавачите за вработените ги уплаќаат во вториот задолжителен пензиски фонд, започнувајќи од први април да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд. И на тој начин да обезбедат сигурна и надежна исплата на пензиите. И да обезбедат ликвидноста на првиот задолжителен државен пензиски фонд. А, потоа во некои подобри времиња истите тие средства да ги вратат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд, се разбира зголемени со стапката на принос која што е еднаква на каматата на загубените парични средства. Тоа е она кое што го предлагаме веќе подолго време и тоа е она кое што како ВМРО-ДПМНЕ го презентираме пред македонската јавност. Тоа веќе го направија неколку држави, а во периодот кој што следува ќе го направат и другите држави, и тоа е начин како да се справиме со оваа криза. Тоа е една од алатките на справување со оваа економска криза.

Втората е многу значајна реформа, благајничките записи кои што се стерилизирани во Народната банка, под итно дел од нив ако не и сите да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи. И на тој начин да овозможи директна инјекција од максимум 25 милијарди денари за македонското стопанство. Тоа е вториот предлог кој што веќе подолго време го предлагаме. Потоа нека продолжи државата преку министерството за финансии да бара надвор од можностите на нашата држава пари за да ги амортизира штетите од пандемијата во економијата. Нека бара и во Светска банка, ќе бараме и во ММФ и кај други комерцијални банки и заемодаватели. Но сега и веднаш, Ве замолувам сега и веднаш да дадеме инјекција за македонското стопанство. Да спасиме што е можно повеќе работни места но вистински да спасиме, не декларативно онака како што политички вие го велите. Верувајте не само што нема да успеете да спасите туку ќе се бројат илјадниците луѓе кои што ќе останат без работа. Не го оставајте македонското стопанство два месеци на милост и немилост,а потоа да зборува оној кој што ќе преживее.

Трето интензивирање на капиталните инвестиции. Робусно реализирање на капиталните инвестиции, масовно реализирање на капиталните инвестиции. Против економска криза се бориме со многу работа. Со двојно повеќе работа од тоа што сме го правеле пред кризата. Со многу повеќе реализирани капитални инвестиции, двојно повеќе реализирани капитални инвестиции од тоа што било пред кризата.

И за денешниот прес четвртата работа која што ви ја предлагам е веднаш да се отвори дискусија и дебата со претходните заемодаватели и комерцијални банки кои што веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и министерството за финансии, да направат репрограма наместо тоа што треба оваа година да го вратиме, да го вратиме следната година или годината потоа.

Тоа го прави вистинска влада и тоа го прават вистински луѓе кои што знаат да работат под притисок во овака тешки моменти.

Оставете ги суетите. Надминете ја таа примитивност. Ве замолувам послушајте ова што ви го говори опозицијата. Тоа е она што му треба на стопанството за да опстане во овие тешки моменти.

Во втората половина на месец јуни можеби се ќе биде поинаку. Во втората половина на месец јуни стопанството ќе има шанса тоа што останало во кондиција да го надомести пропуштеното во овие неколку месеци.

Затоа ве замолувам за брза, одлучна и робусна акција, да му се помогне на реалниот сектор за месеците март, април и мај. И на тој начин да спасиме што е можно повеќе луѓе.

Не смееме да дозволиме, повторувам не смееме да дозволиме богатите од оваа криза да станат побогати, а сиромашните уште посиромашни.

Апелирам да се преземат овие чекори. Нека баталат политиканство се работи за човечки судбини, нека ги надминат сопствените суети, никој не им ги спори. Ова нека бидат нивни предлози.

Нашите граѓани мора да се чувствуваат сигурни и да знаат дека државата има капацитети да се справи со оваа состојба. Не смееме да влеземе во кругот на панични детски реакции на некој случајно и по грешка најдени на функција министри и нивниот шеф Зорам Заев. Со тоа тие покажаа дека не знаат како да се справат.

Но ако оваа состојба не тангира сите и сите мораме да се вложиме да ја надминеме, тогаш ние го правиме нашиот дел.


Вработените во културните институции почнаа со протести

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Како што најавија, вработените во културните институции и денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за култура поради неисплата на мартовските плати на над 3000 вработени, а обвинуваат дека нема да го добијат и зголемувањето од 12% кое им следи согласно колективниот договор. Од Синдикатот на култура велат дека иако вчера имале средба со претставници од Министерството за финансии, таму не бил постигнат никаков договор, а најавија секојдневни протести пред Минстерството за култура до исполнување на нивните барања.

-Не убедуваа дека нас во овој момент не ни следува покачување согласно колективниот договор, бидејки ние во септември минатата година сме добиле 10% покачување од општиот колективен договор. Порачуваме на Министерството за финансии и на Министерството за култура ако ја направило грешката и не предвидело пари во буџетот согласно Колективниот договор за култура тоа да го стори и на овие луѓе овде да им исплати плата и здравствено осигурување во најбрз можен рок.- Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Вчера и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на вонредна седница најави и отпочнување на процедура за генерален штрајк во сите установи во дејноста култура, доколку не се реши нивниот проблем.

Пред две недели од Министерството за култура кажаа дека нема промени во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Единствена промена била внесувањето на минималната плата во диспозитивот на договорот.

„Водостопанство“ бара пари од владата за плати и одржување на каналите

Без плата, одиме на штрајк. Менаџментот толерира четири општини да не плаќаат снабдување со вода, а ние едвај крпиме месец со месец.

Ова го порачаа вработените од АД Водостопанство на Македонија, кои излегоа на мирен протест, бидејќи се уште не ја добиле мартовската плата.

Разочарани се што, и покрај тоа што вработените во ова препријатие, како што велат, си ја извршуваат својата работа, но за тоа веќе не добиваат ништо. Тие се пожалија дека, иако побарале средба во Владата, досега не добиле никакво известување.

Од Синдикатот додадоа дека целата оваа ситуација може да предизвика поголеми проблеми за 30 илјади земјоделски семејства, кои можат да останат без водоснабдување.

Како што додадоа синдикаците од Водостопанство, граѓани од Куманово, Струмица, Тетово и Кавадарци повеќе години не плаќале снабдување со вода со што, како што додадоа од синдикатот, направиле штета врз претпријатието до 240 милиони денари.

Синдикатот на Водостопанство порача дека доколку не се решат нивните финансиски проблеми, ќе излезат на генерален штрајк во блиска иднина.

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

притисни ентер