Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат нема да има

Планот на власта за почеток на промената на Уставот од мај или јуни нема да успее, пораките од Борел и Вархеји ги цениме, но не може да делуваме под бугарски диктат- изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места

Според извршниот директор на Амазон Енди Џеси., компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели. 

Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.

Амазон претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.

Лут Холанѓанец на скутер влета среде натпревар (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу холандските нисколигаши Веенхуизен и Витесе 63 беше прекинат по десет минути игра бидејќи на теренот влета човек на скутер.

Холандските медиуми објавија дека се работи за локален жител кој го налутило тоа што децата пред натпреварот подметнале огномет, кој ги исплашил неговите коњи.

Тој најпрво разговарал со домашниот тренер Марсел ван Веенен и членот на клубот Ерик Шмит, по што се возел на скутер низ теренот, каде застанал покрај играчот Роберт Елзинг, објаснувајќи му што го налутило. Претседателот на матичниот клуб Веенхуизен ја коментирал ситуацијата.

„Во првенството ни оди лошо, а сега игравме против последниот клуб во лигата. Младите момци сакаа да го бодрат тимот, но дојде до несреќна ситуација. Секако дека ме изнервира ситуацијата.Не, не сакаме никому да пречиме и мора да се грижиме за безбедноста на сите на теренот.

Да, го знаеме соседот. Тој играше во нашиот клуб кога беше млад. Ние сме одговорни како управа на клубот и ни е жал што тоа се случи. Но, и младите сакаа добро“, изјави Кис ван дер Лест. Веенхујзен загуби со 1:4 во натпревар кој е важен за останување во осмата табела на холандскиот фудбал. Првите три гола ги постигнаа до 23. минута.

"Можеби сето тоа влијаеше на концентрацијата. Ќе разговараме со соседот. И тој реагираше со жешка глава, мислам. Сакаме да бидеме во добри односи. На крајот на денот, ние сме соседи“, изјави Ван дер Лест.

ОН: Иран можеби изврши злосторство против човештвото

Иранските власти потенцијално извршиле злосторства против човештвото во последните месеци, изјави денеска експерт на Советот за човекови права на Обединетите нации.

Тој наведе случаи на убиства, притворање, исчезнувања, тортура, силување, сексуално насилство и гонење.

Протести има ширум Иран откако иранската Курдка Махса Амини почина во полициски притвор во септември минатата година. Говорејќи пред Советот со седиште во Женева, британско-пакистанскиот адвокат Џаваид Реман, назначен за специјален известувач за човекови права во Иран, рече дека има докази дека Амини починала „како резултат на тепање од страна на државната полиција за морал“.

Иранските власти тврдат дека обдукцијата покажала дека Амини починала од претходно постоечки медицински состојби, а не од удари во главата и екстремитетите. Реман посочил дека обемот и тежината на злосторствата извршени од властите за време на задушувањето на протестите предизвикани од случајот Амини „укажуваат на можно извршување на меѓународни злосторства, особено на злосторства против човештвото“.

Тој изразил огорченост поради егзекуцијата на најмалку четири лица поврзани со протестите и рече дека од јануари оваа година во Иран по „многу нефер судења“ биле егзекутирани вкупно 143 лица. Амбасадорот на Иран во Советот, Али Бахреини, рече дека обвинувањата се измислени и дека Иран е цел на прогон.

притисни ентер