Мицкоски тврди дека СДСМ не ја говори вистината и на својот FB профил нуди доказ

На FB постот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поставен е и скриншот од твитер пост на премиерот на Словенија, Јанез Јанша , на кој тој вели дека бил контактиран од страна на Мицкоски. Зарем е толку важно кој донел помош?!

Последниве два дена почна една допочнителна „војна“ помеѓу СДСМ од една страна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски од друга страна, на веќе вечната тема - кој не ја говори вистината.

Се почна со изјавата на Мицкоски во петокот во Само Интервју на Канал 5, во кој тој нагласи дека неговиот повик бил „тригерот“ за да Словенија прати медицинска помош во Македонија.
Подоцна во неколку наврати реагираше СДСМ кои го обвинија Мицкоски дека е лажлив, и нагласија дека постоела официјална комуникација помеѓу двете влади, односно министерства.

Последен „чин“ во оваа „драма“ е постот на Премиерот на Словенија, Јанша, кој вели дека по повикот на Мицкоски со кој ја известил Владата на Слвенија за крајно сериозната ситуација во Македонија, поврзани биле словенечките и нашите миистерста за да се достави одредена помош.
Од друга страна Мин. за одбрана на Македонија тврди дека они биле во контакт со соодветното министерство на Словенија.

Најважно е сепак ова - зарем е толку круцијално и животно важно, кој ја „обезбедил“ помошта?
 

притисни ентер