Мицкоски: Свечената заклетва на Силјановска беше достоинствена, не е прекршен Преспанскиот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова истакна дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред Самитот Македонија 2025, во врска со свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова истакна дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули.

Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекуваме да имаме добри и одлични меѓусоседски односи. Ценам како ВМРО-ДПМНЕ, а и тамошната влада предводена од Нова демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор, нити на едните ниту на другите ни се допаѓа тој договор, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека за разлика од Грција Преспанскиот е дел од македонските институции, од македонскиот Устав и закони и комуникацијата во институциите и самите институции остануваат согласно Уставот, но негово основно човеково право е како својата држава ќе ја нарекува пред јавноста и медиумите.

Очекувам и да биде начин на однесување на претседателката Силјановска да се користат Македонија и македонски бидејќи на тој начин, според нашето толкување на Преспанскиот договор немаме прекршување истиот и ја користам оваа прилика до нашите пријатели од Грција да престанеме со закани, опструкции, со враќање назад, да гледаме во иднината, ова се документи кои се дел од правото. Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда па таму ќе ги вкрстиме аргументите. Не би сакал до тоа да дојде, повикувам на пријателски односи, да се помагаме. А ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото бидете сигурни дека тоа нема да го направиме, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека се очекува да биде ратификуван протоколот кој ќе се однесува на економската соработка помеѓу двете држави.

Сакаме да економска соработка и ја користам оваа прилика да ги поканам грчките компании да инвестираат во Македонија, ние сакаме да им посакаме добредојде, како и македонски компании да инвестираат во Грција, така треба да соработуваат партнери. Нема втора можност за прв впечаток, а за жал првиот впечаток од нашиот јужен сосед наместо честитка за убедлив триумф и на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска видовме на отворена сцена политички мускули иако тоа се што е од Преспанскиот договор и повеќе е имплементирано во Македонија, а од тоа што можеме да видиме што се случува таму основните три работи не ги завршиле. Сакаме добрососедски односи и очекувам да во најскоро време со грчкиот премиер се видиме и разговараме за соработка во туризмот, економија, образование и така натаму, изјави Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Се снима продолжение на популарната крими комедија, се враќаат Клуни и Пит

Студиото Warner Bros. работи на уште едно продолжение на популарната криминална франшиза Ocean's 11, која ќе се вика Ocean's 14.

Дедлајн потврди дека Џорџ Клуни и Бред Пит ќе ги репризираат своите улоги од оригиналната трилогија, а студиото моментално е во потрага по режисер за новиот филм.

Клуни минатата година откри дека сценариото за новото крими-комедиско продолжение е веќе завршено и дека филмот на Оушн 14 ќе биде сличен на комедијата Одење во стил од 1979 година. Going in Style, во режија на Мартин Брест, следи тројца пензионери кои решаваат да ограбат банка за да ја разбијат монотонијата во нивните животи. Но, наскоро тие стануваат свесни за нивната возраст.

За разлика од првите три филма од серијата 11 на Оушн, новиот филм нема да го режира Стивен Содерберг. Според World of Reel, Содерберг еднаш изјавил дека приказната што сакал да ја раскаже е завршена и дека не е заинтересиран да се врати во франшизата.

Наместо тоа, режисерската палка треба да ја преземе Едвард Бергер, режисерот на успешниот воен филм Сите тивки на западниот фронт (2022), кој освои четири Оскари.

Бергер го режираше и трилерот Conclave со Ралф Фајнс во главната улога, за кој веќе се шпекулира за номинација за Оскар. Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал Телурид, каде што ги воодушеви критичарите, а треба да излезе во ноември оваа година.

Клуни и Пит минатата недела го посетија филмскиот фестивал во Венеција за премиерата на нивниот најнов филм, акционата комедија „Волци“. Акционата комедија ги подели критичарите, а од 27 септември ќе биде достапна на стриминг сервисот Apple TV+.

Во Италија се запленети над половина тон кокаин, вреден 100 милиони евра- уапсени се пет лица

Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА.

Осомничените биле на рибарски чамец и ја поседувале дрогата, која била спакувана во пакувања наменети за да се спречи навлегување вода и да плови на површина на морето.

Акцијата била координирана од обвинителството во Катанија, а е спроведена со помош на војници од Покраинската команда во Катанија, во соработка со финансиски тимови од воздухопловните единици од Палермо и Пратика ди Маре (воен аеродром југозападно од Рим), со поддршката на Специјалната единица за финансиски криминал (Scico).

Мицкоски: Овој ден е момент на славење на нашето наследство и заедништво

Денеска бев во Кавадарци каде што започнува Тиквешкиот гроздобер. 

Лозјата кои ги негуваат со љубов и труд, сега ги откриваат своите богатства. Овој ден е момент на славење на нашето наследство и заедништво. Секој грозд е резултат на работа и посветеност, објави на ФБ премиерот Христијан Мицскоски..

притисни ентер