Мицкоски: Состојбата со Ковид заразата е драматична, но исто толку е лоша и економијата

Состојбата со заразата со Ковид станува драматична. Дефинитивно е дека владата нема план, нема правец и народски кажано не знае каде тера.

Огромниот број на заразени потврдува дека работите излегуваат од контрола и секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата. А, потценување на вирусот подразбира дека тој ќе продолжи да се шири. Секоја наша препорака ја игнорираа, и затоа најлошо се справуваме со вирусот споредено соседството.

Опасни се тезите дека вирусот слабее во своето дејство, таква научна теза се уште не е докажана. А, уште поопасно е тврдењето дека владата има контрола и ги знае кластерите. Бројката на новозаразени не го потврдува тоа. Ова не е политички инает, туку сурова реалност која се плаќа со животи на луѓето.

Потребна е стратегија, а не ПИ-АР манифестации на власта во кои не даваат одговори на прашањата.

А, катастрофата во здравството, се пресликува и во економијата. Таму работите се подеднакво драматични.

Денес ќе проговорам за неколку параметри.

Имено ќе започнеме со начинот на кој што УЈП ги наплаќа даноците, бидејќи наплатата на даноците е еден од првите индикатори во која насока се движи нашата македонска економија.

-На почетокот на годината изработен е план и динамика за наплата даноците и тогаш Управата за јавни приходи во првите 5 месеци почнувајќи од 1 јануари, а завршувајќи со 31 мај испланирала дека ќе наплати речиси 38,5 милијарди денари, а каква е реализацијата. Реализацијата за истиот период од 1 јануари до 31 мај или во првите 5 месеци од годината УЈП успеало да наплати нешто повеќе од 29 милијарди денари или реализацијата од планот е некаде околу 75 проценти. Што значи дека потфрлањето од почетниот план кој што го планирала УЈП на почетокот на годината е цели 25 проценти, а не како што тоа го кажуваше ресорниот министер. Бидејќи ресорниот министер споредуваше со предвидувањето кое што е направено со ребалансот на буџетот.

-Понатаму само во месец мај на почетокот на годината УЈП предвидело дека ќе наплати 7,577 милијарди денари, а успеало да наплати нешто помалку од 4,5 милијарди денари. Што значи дека потфрлањето е повеќе од 3 милијарди денари само за месец мај.

-Или ако одиме по структура на наплатени даноци ќе дојдеме до следниот заклучок дека од планираните 1,2 милијарди данок на добивка наплатени се нешто повеќе од половина или нешто повеќе од 660 милиони денари. Потфрлањето е за цели 45 проценти.

-Кога доаѓаме до персоналниот данок на доход од планот од 1,648 милијарда денари наплатени се нешто повеќе од 1,2 милијарди денари или потфрлањето е околу 25 проценти.

-Најголемо е потфрлањето кога зборуваме за данокот на додадена вредност и тој ако бил планиран за нешто повеќе од 4,7 милијарди денари, реализирани е во вредност од помалку 2,5 милијарди денари или потфрлање за повеќе 47 проценти.

-Но за да ја докажат некадарноста, неподготвеноста и би рекол неспособноста ќе истакнам уште еден параметар. Во месецот кога го правеа ребалансот, во месецот кога ги имаа сите податоци на располагање, тоа е месецот мај, предвидоа дека во истиот тој месец откако ќе се случи ребалансот ќе успее УЈП да собере нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, а како што кажав успеале да соберат под 4,5 милијарди денари. Или во месецот кога е правен ребалансот на буџетот потфрлањето, неспособноста и некадарноста на раководните лица во УЈП и министерството за финансии е толку големо што и тука прават грешка од повеќе од 2 милијарди денари.

-Понатаму 2 индикатор кој што кажува дека економијата не оди во добра насока туку сосема спротивно економијата се движи во амбис е индустриското производство. Индустриското производство во 4 месец од годината има намалување за цели 33,5 проценти, а она што учествува најмногу во градењето и модирањето на индустриското производство е практично преработувачката индустрија. Таа има пад од цели 40 проценти. Истовремено бројот на вработените во индустријата во месец април е намален за 5,1 процент, а од почетокот на годината бројот на работниците во индустријата е намален за цели 4 проценти.

- И последниот индикатор за кој што сакам денеска да зборувам и кој кажува дека состојбата во економијата е алармантна е практично полнењето на буџетот во првите пет месеци. Бидејќи 70-тина или нешто повеќе проценти од полнењето на буџетот отпаѓа на УЈП, а останатите се другите вкупни приходи кои што го сочинуваат целосното полнење на буџетот на државата.

Имено, како стојат тука работите, капиталните инвестиции оние кои што апелираме од почетокот на годината да бидат робусни, интензивни бидејќи само на тој начин може да го одржиме реалниот сектор здрав, се катастрофални. Односно нивното ниво не надминува 60-тина милиони евра во првите пет месеци. Тоа е за некаде околу 18.5% од планот кој што е предвиден со ребалансот на буџетот.

-Кога станува збор за дефицитот или народски кажано дополнителниот зголемен долг кој што ќе падне на плеќи на граѓаните и на семејствата во Република Македонија, можам да кажам дека ситуацијата е исто така алармантна. Станува збор за нов долг, или за нов дефицит во првите пет месеци од цели 307 милиони евра. Повторувам цели 307 милиони евра. Или за цели 38.000 денари е задолжено секое семејство во Република Македонија или пак да бидеме попрецизни околу 615 евра.

Само во месец мај долгот е зголемен за цели 110 милиони евра или пак секое семејство само во месец мај е задолжено за цели 220 евра. Доколку се продолжи со планираната динамика во што се сомневам, бидејќи ценам дека и таа ќе биде промашена, долгот ќе биде за некој процент поголем. До крајот на годината секое македонско семејство ќе биде задолжено за дополнителни 1.500 евра. Повторувам секое македонско семејство ќе биде задолжено на крајот од годината за цели 1.500 евра.

Ситуацијата во здравството е катастрофална, ситуацијата во економијата е алармантна. Сето она кое што они го декларираат дека можат односно нивниот слоган „Можеме“ е само можеме да донесеме повеќе криминал, да донесеме повеќе корупција, повеќе неуспеси и повеќе срам и поголем дебакл во справување со Ковид пандемијата.

Почитувани граѓани,

Ве молам да бидете трпеливи, да не очајуваме затоа што имаме план, да бидеме спокојни, знаеме како да излеземе од оваа вонредна кризна ситуација во државата.

Доаѓа обновата. Обновата победува.

Ви благодарам, бидете ми здрави и живи. И чувајте се вие и вашите семејства.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Дневен хороскоп за 29. март 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 29. март 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи.

Кариера

Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки.

Здравје и совет

Поработете на својата спретност.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите.

Кариера

Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни.

Кариера

Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете.

Здравје и совет

Луѓето не се играчки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност.

Кариера

Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги.

Здравје и совет

Игнорирајте ги провокаторите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси.

Кариера

Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување.

Здравје и совет

Не чепкајте таму каде што не треба.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми.

Кариера

Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите.

Здравје и совет

Опуштете се со она што го сакате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите.

Кариера

Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака.

Кариера

Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно.

Здравје и совет

Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави.

Кариера

Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација.

Кариера

Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера.

Здравје и совет

Помалку јадете , движете се повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри.

Кариера

Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа.

Здравје и совет

Не си поигрувајте со луѓето.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов.

Кариера

Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

За оваа болест лек не постои, а може да доведе до неплодност

Симптомите само наизглед се безопасни

Многу жени не се ни свесни колку сериозно може да биде она што го сметаат за обична болка во „оние денови“.

Секоја жена барем еднаш во животот искусила менструални болки, грчеви, надуеност во текот на „оние денови“, а најчеста препорака за ублажување на болките е употребата на аналгетици.

Но, не сите болки за време на менструалниот циклус се безопасни. Честопати, тие се симптом на ендометриоза, недоволно дијагностицирана сериозна медицинска состојба која честопати може да се помеша со менструална болка. Во оваа состојба, ткивото што ја обложува матката расте и се лачи за време на менструалниот циклус. Меѓутоа, со ендометриоза, ова ткиво расте таму каде што не треба, во карлицата и другите делови на матката, предизвикувајќи различни симптоми, вклучувајќи карлична болка, болни менструални циклуси, болка за време на сексуален однос, неплодност и замор.

Како се дијагностицира ендометриозата?

Дијагностицирањето на ендометриозата честопати бара комбинирање на медицинска анамнеза, гинеколошки преглед и анализи како што се ултразвук или МРИ скенирање на карлицата. За време на гинеколошки преглед, лекарите бараат абнормалности како што се цисти или ткиво со лузни, и проверуваат дали има болка и чувствителност или знаци на сериозна болест. Во некои случаи, се користи лапароскопија за да се потврди дијагнозата. За време на оваа процедура, хирургот може да ги отстрани ендометриозните ткива и ткивото со лузни.

Како се лекува ендометриозата?

Во моментов не постои лек за ендометриоза, но третманот се фокусира на ублажување на симптомите, справување со болката и подобрување на квалитетот на живот. Третманот зависи од пациентот и ги зема предвид факторите како што се сериозноста на симптомите и репродуктивните цели на пациентот. Во некои случаи, се препорачуваат минимално инвазивни хируршки процедури. Исто така, хормонската терапија и лековите за ублажување на болка може да помогнат во олеснување на симптомите на ендометриоза.

Ендометриоза и неплодност

Ендометриозата може да доведе до неплодност на неколку начини, вклучително и блокирање на јајцеводите и лачење на токсини кои можат да спречат имплантација на оплодената јајце клетка. Во случаи кога другите терапии не се успешни и пациентката не сака да ја зачува својата плодност, може да се разгледа хистеректомија, хируршко отстранување на матката, заедно со ексцизија на ендометриозата.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер