Тој вели дека за неколку месеци додека трае пандемијата од корона вирусот власта потфрлила во економскиот сектор и ги обвини Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за неуспешно собирање на даноците кои ги предвиделе со ребалансот на буџетот од минатиот месец.
-Во месецот кога го правеа ребалансот, во месецот кога ги имаа сите податоци на располагање, тоа е месецот мај, предвидоа дека во истиот тој месец откако ќе се случи ребалансот ќе успее УЈП да собере нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, а како што кажав успеале да соберат под 4,5 милијарди денари. Или во месецот кога е правен ребалансот на буџетот потфрлањето, неспособноста и некадарноста на раководните лица во УЈП и министерството за финансии е толку големо што и тука прават грешка од повеќе од 2 милијарди денари. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ
Мицкоски потенцира дека намалување бележи индустриското прозиводство за 33,5 проценти, а вели не се реализираат ниту капиталните инвестиции.
Според анализите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, секое семејство од почетокот на годината досега е задолжено по 38 илјади денари.
- Само во месец мај долгот е зголемен за цели 110 милиони евра или пак секое семејство само во месец мај е задолжено за цели 220 евра. Доколку се продолжи со планираната динамика во што се сомневам, бидејќи ценам дека и таа ќе биде промашена, долгот ќе биде за некој процент поголем. До крајот на годината секое македонско семејство ќе биде задолжено за дополнителни 1.500 евра.- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ
Од опозициската партија обвинуваат и дека додека трае здравствената криза, а власта уверува дека економските мерки се успешни, 15 илјади граѓани останале без своите работни места и без приходи, а на 50 илјади граѓани, велат, им се закануваат откази.