Мицкоски: Со повисоката цена на струјата приватна компанија ќе се обогатува, а граѓаните ќе осиромашуваат

Покачувањето на цената на електричната енергија е нешто што оваа влада не го вети, но го реализираше. 

Покачување на цената во услови кога имаме тешка економска и здравствена криза преставува сериозен удар врз стандардот на државата и практично е грабеж на граѓаните.

Ваквиот чекор кој бил очигледно претходно планиран да се случи веднаш по изборите преставува измама на владата кон граѓаните. Имаме стотици илјади граѓани кои живеат во сиромаштија. Сега тие се втурнати во уште поголема сиромаштија.

И во кратки црти, покачувањето на цената на електричаната енергија е чекор со кој се овозможува екстра профит на приватна компанија за сметка на тонењето на државна компанија чии загуби се плаќаат од џебот на граѓаните.

Нема друга држава во Европа која среде Ковид пандемија покачува цена на електрична енергија, напротив имаме бројни случаи низ Европа каде што владите одлучуваат да субвенционираат комунални трошоци, но истовремено да ги субвенционираат и трошоците кои што граѓаните ги плаќаат за потрошената електрична енергија.

И тука сакам да бидам јасен, владата предводена од Спасовски и Заев нека не ја префрла вината за сето ова на Регулаторната комисија, нека не создава димни завеси и измислува изговори со напади кон опозицијата. Ова не е политика, туку директен удар врз џебот граѓаните и стандардот на граѓаните. Власта е виновна за ваквото покачување. Не може до вчера да се фалат со воведување на евтина тарифа на електричната енергија која сега со новото покачување се анулира, а да се прават дека ништо не знаат за ова покачување на цената на електричната енергија.

Неиздржани се оние споредби со цената на електричната енергија со други држави кога се прави ваква споредба, треба да се спореди со просечната месечна плата. Доколку се направи ваква споредба ќе излезе дека практично граѓаните во Македонија плаќаат најскапа во Европа цена за потрошената електрична енергија.

Во продолжение на денешната прес конференција би сакал накратко да објаснам како се формира цената за електричната енергија за домаќинствата, но и онаа индустрија и она мало стопанство кое што е на регулираниот пазар и се уште не е излезено на слободниот пазар.

На слајдот можете да забележите дека цената на електричната енергија за домаќинствата практично е збир од неколку компоненти. Првата е цената на електричната енергија и маржата која што се плаќа на операторот на електропреносниот систем, односно АД МЕПСО кој е во државна сопственост. Понатаму го имаме националниот оператор на пазарот или МЕМО ДООЕЛ СКОПЈЕ кој што исто така е во државна сопственост, потоа го имаме дистрибутерот односно ЕКЕТРОДИСТРИБУЦИЈА, тоа е дистрибутивната тарифа и конечно на крај го имаме универзалниот снабдувач кој е ЕВН ХОМЕ кој практични ги дистрибуира сметките за потрошената електрична енергија до граѓаните. Но за да ја набави таа електрична енергија дистрибутерот односно универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ истата таа енергија треба да ја купи преку годишен тендер кој што го објавува согласно новиот закон за енергетика.

Цената на електричната енергија конечна која што ја купува овој универзален снабдувач ја формира како збир и просечна аритметичка средина од електричната енергија купена од поранешно ЕЛЕМ, а денешно ЕСМ плус цената која што ја плаќа за електричната енергија добиена од овластените производители на електрична енергија.

Тарифата за пренос која што граѓаните преку сметката за електрична енергија ја плаќаат до АД МЕПСО, согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика е зголемена за 11, 13% и таа изнесува 0,1952 денари по киловат час. Тарифата за организирање и управување на пазарот која што граѓаните преку сметката за потрошената електрична енергија ја плаќаат на државната МЕМО е зголемена за цели 63, 93% речиси 64% и изнесува 0,0081 денар по киловат час.

Тарифата за електродистрибуција практично тоа е цената која што граѓаните преку сметката за потрошената енергија ја плаќаат на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА АД СКОПЈЕ е зголемена за 2,87 денари и тоа е поранешно ЕВН Македонија, приватна компанија.

На сето ова се додава практично цената која што универзалниот снабдувач ја купува од поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и цената на електрична енергија којашто ја добиваат од повластените производители на електрична енергија и таа е просечно 2,53 денари/KWH. Сето ова се собира и се множи по историски високата маржа на универзалниот снабдувач која што за волја на вистината е дефинирана на тендер, на истиот на кој учествуваше покрај универзалниот снабдувач и државната ЕЛЕМ пред неколку години, и таа е фантастични 11,5 % па овој збир се коригира со тие 11,5 % и на тој начин ја добиваме конечната цена која што за електричната енергија ја плаќаат граѓаните во своите сметки. Значи тоа се цели 4,7 денари/KWH или таа е зголемена за 7,4 % споредбено со она што беше пред покачувањето.

На третиот слајд е прикажано од Законот за енергетика каде што се дефинира обврската на производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет да понуди поголеми количини на електрична енергија до снабдувачот којшто ги снабдува граѓаните со електрична енергија. И ќе се забележи дека во 2020 година во случајов поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ има обврска да снабди најмалку 75 % од потребите на универзалниот снабдувач, во нашиот случај тој испорачува цели 100%.

Зошто тоа се случува? Се наметнуваат три прашања коишто се суштински, а за тие три прашања на денешната прес конференција ќе дадеме и одговори.

Имено најпрвин е многу важно да се даде одговор на прашњето зошто АД ЕЛЕМ/ЕСМ снабдува 100%, а не 75% , затоа што според законската одредба е дефинирано дека тој може да снабдува најмалку 75% од потребите на универзалниот снабдувач, а останатите 15% да ги продаде на слободен пазар по пазарна цена којашто е многу повисока од оваа којашто му ја дефинира сопственикот, а тоа е Владата за да го снабдува универзалниот снабдувач. И на тој начин ќе апсорбира дел од загубите, ќе го зголеми својот профит и нема да бара повисока цена пред граѓаните.

Второ суштинско прашање е зошто се толерира толку висока маржа за универзалниот снабдувач, па макар и таа да била постигната на тендер пред неколку години, за којшто постоеше осоновано сомневање дека има по некакви политички замешувања, од 11,5 % рекордни во Европа, кои во минатото не постоеја. На сметка на тоа се депресира цената на електричната енергија кое што поранешно ЕЛЕМ/ЕСМ го испорачува до овој универзален снабдувач. А таа цена би сакал да ги информирам граѓаните е цели 36,3 евра по мегават час и тоа за периодот од 1 август 2020 година заклучно со 30 јуни 2020 година

За истиот овој период на регионалната берза за електрична енергија Купекс во Унгарија која што е репер за одредување на цената на електричната енергија се продава електричната енергија по цена од 44,13 евра за мегават час или тоа е за 7,78 евра по мегават час поголема цена од онаа која што свесно депресирана се продава на универзалниот снабдувач во случајов ЕВН ХОМЕ. Или тоа е за цели 0,48 денари по киловат час повисока цена која што би можел АД ЕЛЕМ да ја продаде на сметка на високата маржа која што во овој момент од 11,5% е доделена на универзалниот снабдувач. Тоа би значело дека АД ЕЛЕМ во тој случај, ќе има дополнителни приходи од 1.644.310. 930 денари со што ќе побара намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата, но и оној дел од индустријата и стопанството кој е на регулираниот пазар, а не на отворен пазар, а тоа е нешто над 26 милиони евра односно приближно 27 милиони евра.

Имајќи предвид дека количината на електричната енергија која што ја купува универзалниот снабдувач , а знаете дека потрошувачката преку дене многу поголема отколку навечер, што значи дека и самиот производ е сои поскапа цена, тогаш доаѓаме до конечниот заклучок декана сметка на високата маржа на универзалниот снабдувач, а тоа можете да го видите од билансот за успех на таа компанија за 2019 година директно поранешно АД ЕЛЕМ, а денешно АД ЕСМ е оштетено за околу триесетина милиони евра. Имајќи предвид дека тоа е компанија во државна сопственост на тој начин директно граѓаните се оштетени за сума од триесетина милиони евра, а загубите кои што поради високата маржа на универзалниот снабдувач ќе ги покриваат граѓаните во сметката ќе бидат испорачани со 7,4% повисоки сметки споредено со тоа што беше минатата година.

Постојат три одговори на овие три клучни прашања кои што се суштински за да се разбере зошто цената на електричната енергија е покачена за 7,4%. Првото е високата маржа на универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата која што е во државна сопственост и индиректно ги оштетува граѓаните. Втората е поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите со што се зголемија драматично цените за вработените во компаниите кои што се во државна сопственост како што се МЕПСО, МЕМО, поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и третата суштинска работа е пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ сегашно ЕСМ беа исплатени под превезот на К15, тринаесетта плата, репер за годишен одмор по 26.000 денари по вработен. Сето ова недомаќинско работење, сите овие погрешни политики предизборно, денеска ќе ги чинат граѓаните повисока сметка за 7,4% нешто што за што предупредував пред неколку месеци, би рекол пред една година, за што бев жестоко нападнат, што очекувам дека ќе се случи и после денешната прес конференција. Но повторно ќе кажам, за сите овие недомаќински политики, за сите овие погрешни политики на досегашното владејачко мнозинство во владата на Република Македонија ние плаќаме повисока сметка и споредено со просечната плата, највисока во Европа. Но тој тренд нема да продолжи и истото ќе ни се случи догодина доколку продолжи во континуитет ова недомаќинско и антиреформско работење во енергетскиот сектор еден од клучните сектори во функционирањето на државата.

Тука отприлика би го сумирал сето она кое што сакам денеска да го кажам а е поврзано со зголемувањето на цената на електричната енергија. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во периодот кој што ќе следи ќе се бори институционално, но и вонинституционално против овие погрешни политики кои што се дел од досегашното работење на ова владејачко мнозинство.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Дневен хороскоп за 29. март 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 29. март 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи.

Кариера

Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки.

Здравје и совет

Поработете на својата спретност.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите.

Кариера

Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни.

Кариера

Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете.

Здравје и совет

Луѓето не се играчки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност.

Кариера

Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги.

Здравје и совет

Игнорирајте ги провокаторите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси.

Кариера

Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување.

Здравје и совет

Не чепкајте таму каде што не треба.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми.

Кариера

Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите.

Здравје и совет

Опуштете се со она што го сакате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите.

Кариера

Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака.

Кариера

Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно.

Здравје и совет

Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави.

Кариера

Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација.

Кариера

Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера.

Здравје и совет

Помалку јадете , движете се повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри.

Кариера

Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа.

Здравје и совет

Не си поигрувајте со луѓето.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов.

Кариера

Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

За оваа болест лек не постои, а може да доведе до неплодност

Симптомите само наизглед се безопасни

Многу жени не се ни свесни колку сериозно може да биде она што го сметаат за обична болка во „оние денови“.

Секоја жена барем еднаш во животот искусила менструални болки, грчеви, надуеност во текот на „оние денови“, а најчеста препорака за ублажување на болките е употребата на аналгетици.

Но, не сите болки за време на менструалниот циклус се безопасни. Честопати, тие се симптом на ендометриоза, недоволно дијагностицирана сериозна медицинска состојба која честопати може да се помеша со менструална болка. Во оваа состојба, ткивото што ја обложува матката расте и се лачи за време на менструалниот циклус. Меѓутоа, со ендометриоза, ова ткиво расте таму каде што не треба, во карлицата и другите делови на матката, предизвикувајќи различни симптоми, вклучувајќи карлична болка, болни менструални циклуси, болка за време на сексуален однос, неплодност и замор.

Како се дијагностицира ендометриозата?

Дијагностицирањето на ендометриозата честопати бара комбинирање на медицинска анамнеза, гинеколошки преглед и анализи како што се ултразвук или МРИ скенирање на карлицата. За време на гинеколошки преглед, лекарите бараат абнормалности како што се цисти или ткиво со лузни, и проверуваат дали има болка и чувствителност или знаци на сериозна болест. Во некои случаи, се користи лапароскопија за да се потврди дијагнозата. За време на оваа процедура, хирургот може да ги отстрани ендометриозните ткива и ткивото со лузни.

Како се лекува ендометриозата?

Во моментов не постои лек за ендометриоза, но третманот се фокусира на ублажување на симптомите, справување со болката и подобрување на квалитетот на живот. Третманот зависи од пациентот и ги зема предвид факторите како што се сериозноста на симптомите и репродуктивните цели на пациентот. Во некои случаи, се препорачуваат минимално инвазивни хируршки процедури. Исто така, хормонската терапија и лековите за ублажување на болка може да помогнат во олеснување на симптомите на ендометриоза.

Ендометриоза и неплодност

Ендометриозата може да доведе до неплодност на неколку начини, вклучително и блокирање на јајцеводите и лачење на токсини кои можат да спречат имплантација на оплодената јајце клетка. Во случаи кога другите терапии не се успешни и пациентката не сака да ја зачува својата плодност, може да се разгледа хистеректомија, хируршко отстранување на матката, заедно со ексцизија на ендометриозата.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер