Мицкоски се сретна со еврокомесарот Вархељи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и партиска делегација , остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија,  Оливер Вархељи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Оливер Вархеји.

Според партиското соопштение,на средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија, нашата европперспектива, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата државата на патот кон Унијата.

Мицкоски истакна дека приоритет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде остварувањето на стратешката цел и сонот на многу генерации, а тоа е членството во Европската Унија. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и план како државата да ја стави на брзата трака за членство во Унијата и притоа да ги спроведе клучните реформи за остварување на оваа цел.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Владата предводена од СДСМ доживеа неуспех на полето на реформите и доближување на државата до европскиот стандард. Тој напомена дека клучен проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата кои се најистакната во највисоките ешалони од власта и дека до ден денес голем број на корупциски афери немаат правна разрешница, што пак се аргумент за оние кои се противат на проширувањето на Унијата.

Мицкоски на Вархеји му се заблагодари за поддршката која ја дава за членството на Република Македонија во Европската Унија и нејзиното проширување, притоа додавајќи дека патот кон просперитетен и успшен на регион води преку Брисел и членството во Европската Унија.

Што се однесува на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласија дека демократскиот и фер изборен циклус на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја е клучен за иднината на нашата држава и како и за нашата европерспектива.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

 Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Јакимовски: Османи ни пропагира политика на жирафа

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски за неговиот против кандидат Бујар Османи вели дека тој во кампањата пропагира политика на жирафа.

-Не можам да го слушнам Бујар Османи во кампањата да каже нешто за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните во Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа: Жирафата млекото да дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, истакна Јакимовски.

притисни ентер